Борис Гаврилов
Од Википедија, слободната енциклопедија
- Ова е статија за македонски општественик. За истоимениот советски фудбалер видете Борис Анатољевич Гаврилов
| Борис Гаврилов | |
| Роден | 1943 Штип , |
|---|---|
| Починал | 15 јануари 2012 Штип , |
| Занимање | општественик |
Борис Гаврилов (Штип, 1943 - Штип, 2012) бил македонски општественик и поранешен градоначалник на Општина Карбинци[1].
[уреди] Биографија
Гаврилов е роден 1943 година. Во текот на својот работен век извршувал повеќе опшествено-политички функции. Покрај другото бил претседател и на Сојузот на синдикатите на Штип.Долги години бил директор на З.З ,,Блажо Сандев“ од Радање. Со формирањето на општина Карбинци тој станал и нејзин прв градоначалник. На оваа функција останал три мандата по што се и пензионирал. Починал на 15 јануари 2012 година во Штип, каде и почива.
[уреди] Наводи
- ↑ „Џорџ Буш ќе го развива Карбинци“ (на македонски). Дневник. http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2606&stID=43330. проверено на 2012-01-15.