Борис ІІІ
| Борис ІІІ Обединител | |
| Цар на Бугарите | |
| Владеење | 3 октомври 1918 - 28 август 1943 |
|---|---|
| Крунисување | 3 октомври 1918 |
| Полно име | Борис Клемент Роберт Мариjа Пиj Станислав Сакскобургготски |
| Почивалиште | Рилскиот манастир |
| Претходник | Фердинанд I |
| Наследник | Симеон ІІ |
| Придружник | Јоана Савоjска |
| Династија | Сакскобургготски |
| Династија | Сакскобургготски |
| Татко | Фердинанд I |
| Мајка | Марија Луиза |
Борис ІІІ е цар на Бугарија (1918-1943). Тој го наследува бугарскиот царски престол по абдикациjата на татко му цар Фердинанд.
Роден е на 30 jануари 1894 година. Целото име му е Борис Клемент Роберт Мариjа Пиj Станислав Сакскобургготски. Во 1930 г. се жени за италиjанската принцеза Jована Савоjска, коja што е бугарска царица под името Jоанна. Им се раѓаат две деца - кнегиња Мариjа-Луиза (р. 1933) и кнез Симеон (р. 1937).
Како и неговиот татко, Борис ІІІ води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт. Во април 1941 година им ја отстапува бугарската територијата на Германците кои преку Бугарија ќе извршат напад врз Кралството Југославија. Исто така, Борис ІІІ цврсто ги застапувал бугарските Евреи за време на Холокаустот. Со негова помош и со интервензија на бугарската црква бугарските евреи се спасени од концентрационите логори. Сепак, за да се задоволат потребите од работна сила во концентрациониот логор во Треблинка биле испратени македонските евреи.[1] Со тоа преостанатите евреи македонски евреи засолниште нашле заминувајќи во партизани.[2][3]
Во бугарската историографија е познат како „Цар Обединител“ зашто во соработка со Силите на оската Бугарија на проширува во границите на Санстефанска Бугарија.[4]
Цар Борис III е погребан во манастирската црква на Рилскиот манастир. На левата страна од гробот се наоѓа резба изработена на 10 октомври 1943 год. од жители на село Осој, Дебарска околија, на која е напишано:
| “ | На своя Царь Освободитель Борисъ III отъ признателна Македония. | ” |
По смртта Борис, ІІІ е наследен од неговиот син цар Симеон ІІ (1943-1946).
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Борис ІІІ“ |
Литература [уреди]
- ↑ The Jewish Community of Monastir: A Community in Flux, Mark Cohen, United States Holocaust Memorial Museum
- ↑ Александар Матковски, Трагедијата на Евреите од Македонија, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1958
- ↑ Ѓорѓи Ц. Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993
- ↑ Inari Karsh - „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90
| Фердинанд I | >>> | Борис III, цар на Бугарија (1918— 1943) | >>> | Симеон ІІ |
| Бугарски владетели |
|---|
|
Старата голема Бугарија (632 – 681 г.) Канови (ханови): Кубрат | Батбајан Прва бугарска држава (681 – 1018 г.) Канови (ханови): Аспарух | Кубер (во Македонија) | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате) Царови: Симеон I | Петар I | Борис II | Втора бугарска држава (1186 – 1396 г.) Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен Трета бугарска држава (после 1878 г.) Кнез: Александар Батенберг |
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |