Боргеска галерија
| Боргеска Галерија Galleria Borghese |
|
| Основан | 1903 |
|---|---|
| Место | Вила Боргезе, Рим |
| Директор | Ана Колива |
| Мрежно место | www.galleriaborghese.it |
Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.
Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.
Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.
Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,[1] бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.
Содржина |
[уреди] Колекции
[уреди] Скулптури и мозаици
На приземјето се сместени класични антиквитети од 1.-3. век, вклучувајќи го и мозаикот со гладијатори кој бил откриен на друго место во Рим во 1834. Од класичните и неокласичните скулптури се издвојуваат „Венус Виктрикс“ од Канова, и голем број дела од Бернини.
[уреди] Бернини во галеријата Боргезе
Многу од скулптурите на Бернини се изложени токму на местата за кои биле планирани. Некои од позначајните се „Јарецот Амалтеа со бебето Јупитер и Фаун“ (1615),[2], „Аполон и Дафне“ (1622–25)[3] и „Давид“ (1623)[4] кои се сметаат за зачетници на барокната скулптура.
[уреди] Слики
На горниот кат се сместени поголемиот дел од вредните дела од Тицијан, Рафаел, Караваџо, и други познати мајстори.
[уреди] Колекција на музички инструменти
Оваа колекција е составена од инструменти од западните и античките култури (Египетска, Грчка и Римска, како и инструменти од Америка, Африка и Океанија. Колекцијата на музејот му ја подарил оперскиот пејач Еван Горга и е најголемата колекција подарена на музејот.[5][6]
[уреди] Музеи во близина на галеријата
Во паркот на Вилата Боргезе се сместени Националната галерија на модерна уметност со дела од италијанската уметност од 19. и 20. век, и Националниот музеј на Етрурска уметност кои содржи дела од пред-римско време пронајдени во околината на Рим.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Боргеска галерија“ |
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страница на англиски
- Архитектурата и градините на Вила Боргезе (англиски)
- Критики за Галеријата Боргезе
- Сателитска фотографија на галеријата и околните паркови
[уреди] Наводи
- ↑ Принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе се оженил со Паулина, сестрата на Наполеон.
- ↑ Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
- ↑ Apollo and Daphne by BERNINI, Gian Lorenzo
- ↑ Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
- ↑ http://davidson.weizmann.ac.il/upload/(FILE)1167921594.pdf
- ↑ National Museum of Musical Instruments
