Бона Деа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теми во римската митологија
Важни богови:
Легендарна историја
Римска религија
Грчки/римски мит споредени
Други рустикални богови:

Во римската митологија, Бона Деа („добрата божица“) била божица на плодноста, лекувањето, девственоста и жените. Таа била ќерка на Фаун и понекогаш била нарекувана Фауна.

Храмт на Бона Деа во Рим стоел на Авентинското брдо. На 4 декември, во куќата на некој познат магистрат биле вршени тајни обреди во нејзина чест. Ова било сосема женско случување; дури и слики од мажи и машки животни биле забранети, заедно со зборовите „вино“ и мирта заради тоа што Бона Деа еднаш била истепана од нејзиниот татко со миртов стап зошто била пијана.

Нејзиниот јавен фестивал бил на 1 мај. Учеството на мажи било забрането.

Болните биле негувани во градините на нејзините храмови, каде свештеничките одгледувале лековити билки.

Таа исто така била поврзувана со рогот на изобилството, змиите и монетите. Нејзиниот лик често бил ставан на монети.