Бомбардирање на кинеската амбасада во Белград

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

НАТО бомбардовањето на кинеската амбасада во Белград бил сериозен дипломатски инцидент во текот на НАТО-во бомбардирање на СР Југославија. кој се случил вечерта на 7. мај 1999. година, во 23:45, кога три проектили на НАТО алиансата ја погодиле зградата на амбасадата на Народна Република Кина, во Нов Белград. Во нападот загинале тројца кинески државјани, а повеќе биле ранети.

НАТО изразил жалење поради инцидентот со образложение дека до нападот дошло поради старите карти која ги доставила ЦИА.

Неколку дена после нападот врз кинеската амбасада, во многу градови ширум светот, како Копенхаген, Банкок, Сингапур, Токио, Тел Авив, Исламабад, и други,биле одржувани протести пред американските амбасади или конзуларните претставништва[1].

Првите реакции на Советот за безбедност[уреди]

Наутро на 8. мај, било одржано вонредно заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Кина[2].

Представникот на Кина го прочитал соопштението на кинеската владе во кое се кажува дека нападот претставува кршење на суверенитетот на Кина, како и основните меѓународни односи. Истотака, Кина остро го осудила овој варварски чин, и оштро протестирала, барајќи од НАТО, предводен од САД да преземат одговорност, и го задржала правото да превземе понатамошни мерки. Понатаму во ова соопштение се кажува дека нападот на амбасадата се нарекува воено злосторство[2].

Претставникот на САД рекол дека фактите сѐ уште не биле потврдени, но сепак дека НАТО го истражувал тоа прашање. Истотака рекол дека НАТО не погодувал цивили на амбасадата, и дека му е жал ако НАТО е одговорен за инцидентот, е можно е дека само еден човек е одговорен за кризата,а тоа е Слободан Милошевиќ[2].

Представникот на Холандија не можел да прифати споредување на случајните жртви со систематските убивања, силувања и палење на куќите за кој Белрад бил одговорен[2].

Представникот на Куба рекол дека се надева дека нема да биде потребно да поминат 20 години за да се разбере дека оваа војна била грешка.

Изјави истотака дале и претставниците на Руската Федерација, Франција, Ирак, Аргентина, Намибија, Канада, Бахреин, Малезија, Словенија, Велика Британија, Габон, Албанија и Индија[2], како и други држави.

Наводи[уреди]

  1. [1]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 -{CHINA, AT SECURITY COUNCIL MEETING, REGISTERS STRONGEST POSSIBLE PROTEST OVER ATTACK AGAINST ITS EMBASSY IN BELGRADE}-