Болести и аномалии на очите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Болести и аномалии на очите
Болести и аномалии на очите
Научна класификација
Вид: Болести и аномалии на очите

Очите се најразвиениот сетилен орган во телото. Всушност, многу поголем дел од мозокот е насочен на одржување на функциите на видот отколку на другите сетила: слух, вкус, допир или мирис. Обично за видот не размислуваме како за голем дар, но кога ќе дојде до нарушување, повеќето луѓе би направиле се за да си го повртат здравиот вид. Најчестите облици на нарушување на видот се неправилностите во прекршувањето на зракот светлината, т.е. начинот на кој светлинские зраци се прекпшуваат во окото и на кој сликите се пренесуваат во мозокот. Кратковидоста,далековидоста и астигматизмот се нарушувања што се јавуваат поради грешка во прекршувањето на светлината. Двоењето на мрежницата, слепилото за бои и ноќното слепило се систематски нарушувања на видот чија последица се искривен или нарушен вид. Мрежата, конјунктивитисот, глаукомот и дегенерациите на очната дамка (макула) се, исто така, болести на окото што се лекуваат со различен успех.

Симптоми[уреди | уреди извор]

  • нејасна слика на предметите што се наоѓаат на голена оддалеченост упатува на кратковидост или миопија
  • нејасна слика на предмети што не наоѓаат на мала оддалеченост упатува на далековидост или хиеропија
  • прави и хоризонтални линии кои изгледаат нејасни и неправилни укажуваат на астигматизам
  • блескање пред очите, ситни предмети што се гледаат пред очите или ненадејно губење на централната или периферната слика може да укажуваат на двоење на мрежницата
  • тешкотии во разликувањето на црвената и зелената боја при слаба светлина се знак за слепило за бои или далтонизам
  • отежнато распознавање на предметите при слаба светлина е знак за ноќно слепило

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

  • ако забележите симптоми на двоење на мрежницата. Во тој случај морате итно да отидете на лекарски преглед за да се сречи слепилото.
  • ако станете пречувствителни на светлина. Можеби се работи за воспаление на спојницата.
  • ако во окото ви влегло туѓо тело што не можете да го измиете со вода. Постои опасност од создавање на белег или инфекција на окото.
  • ако носењето контактни лечи предизвика тегобност.Можеби боледувате од инфекција, абразија или имате туѓо тело во окото.
  • ако гребаница или удар во окото го оштетува видот. Можеби дошло до внатрешно крварење или кршење на коската околку окото.

Причинители[уреди | уреди извор]

Кратковидоста и далекувидоста се поврзани со начинот на кој окото создава слика во фокусот на задната страна на окото, каде десет слоја на нервното ткиво чувствително на светлина ја сочинуваат мрежницата на окото. Кратковидоста, од која страдаат околу 20 проценти од населението, се јавува кога сликата се создава пред мержницата, а не на неа (десно), така што оддалечените предмети изгледаат нејасни. Кратковидото лице ја држи книгата блиску до очите кога чита и мора да седи во првите редови во училницата или киното за да може јасно да гледа. Болеста е наследна и се јавува подеднакво и кај мажите и кај жените. Обично се јавува во детството, а минува околку дваесеттина години од животот.

Аномалии на окото[уреди | уреди извор]

Далекувидост[уреди | уреди извор]

Далекувидоста или хиперопија е спротивна на кратковидоста. Леќите во окото создаваат слики малку зад мрежницата,така што блиските предмети изгледаат нејасни. Кај децата полесните облици на далекувидост често исчезнуваат, благодарение на природниот процес на приспособување (акомодација). Како што окото расте, очните мускули се стегаат, а фокусот се поместува напред, кон мрежницата. Со текот на годините постепено се намалува природната способност на окото да се приспособува.

Астигматизмот[уреди | уреди извор]

Астигматизмот често е поврзна со далекувидоста или кратковидоста, а се појавува кога окото нема само еден фокус.Болеста е последица на нееднаква искривеност на рожницата или, во некои случаи, на неправилните леќи. Луѓето кои боледуваат од астигматизам имаат неправилен и нееднаков визуелен впечаток, поради што некои предмети се гледаат јасно, а некои заматено. Астифматизам обично постои при раѓањето и со текот на годините ниту се влошува ниту се подобрува.

Старечка далекувидост[уреди | уреди извор]

Старечката далекувидост или прецбиопија означува нејасен вид на нормална оддалеченост за читање. Обично се јавува кај четириестгодишни луѓе и поради неа многу постари носат очила.

Двоење на мрежница[уреди | уреди извор]

Двоењето на мрежницата се јавува поради одвојувањето на дел од слојот на мрежницата или создавање на искинат дел од роптура. Иако не се работи за болна појава, лекувањето е неопходно. Ако мрежницата брзо не е доближи, се губи изворот на хранливи материи, па клетките се уништуваат и може да дојде до слепило. Факторите што ја зголемуваат опасноста од појава на двоење на мрежницата се кратковидост, претходна операција или повреда на окото и вродено тенко ткиво на мрежницата.

Слепило за бои[уреди | уреди извор]

Слепило за бои (далтонизам) е нарушување на клетките чиствителни на светлина и одговорни за боите на мрежницата. Повеќето далтонисти разликуваат бои од силна светлина, но тешко разликуваат црвена или зелена боја пти слаба светлина. Слепилото за бои се јавува главно кај мажите и се забележува кај околку 8 проценти од машката популација. Многу ретки се случаите на целосно слепило за бои. Луѓето кои боледуваат од целосно слепило за бои можат да видат само нијанси на сива боја.

Ноќно слепило[уреди | уреди извор]

Ноќно слепило, т.е. нарушен вид слаба светлина, се јавува кога клетките на мржницата одговорни за распознавање на светлината од темнината почнуваат да пропаѓаат. Вистинската причина за оваа појава сè уште не е позната, но може да биде поврзана со болестите на црниот дроб, недостаток на витамин А или болестите на мрежницата, како што е наследната болест ретинитис пигментос.

Напрегнување на очите[уреди | уреди извор]

Напрегнувањето на очите не влијае на видот, но е придружна појава на некои нарушувања на видот и може да предизвика главоболки. До напрегање на очите доаѓа кога очните мускули стануваат напнати од долготрајно фокусирање на светлина во истиот фокус. Ако носите леќи или очила може да биде знак дека ви треба нов или друг диптер. Вежбањето или одморањето на очите секои 30 минути има поволно дејство врз напнатите очи, особено ако работите на компјутер.

Дијагностички постапки[уреди | уреди извор]

Годишните прегледи кај офталмолог, специјалист за очни болести, се неодходни за следење на здравјето на очите и дијагностицирање на можните нарушувања. Прегледот на надворешниот и внатрешниот дел на окото и движењата на очите можат да откријат мижуркање (шашливост) или страбизам. Снеленовиот тест се состои од букви со различна големина (од поголеми кон помали), а се користи за одредување на острината на видот и откривање на кратковидоста, далекувидоста и астигматизмот. Офталмологот ќе ја прегледа рожницата со светилка со процеп со микроскоп за да ги открие знаците на заматување на леќите кои упатуваат на болеста перде. Со помош на офталмоскопот можат да се откријат болестите на мрежницата, макуле и очниот нерв.

Лекување[уреди | уреди извор]

Ако редовниот преглед покаже дека видот се влошил, конвенционалното лекување препорачува косење корективни очила или кантактни леќи, внимание на чувствителните очи и, во некои случаи, оперативен зафат. Околу 60 проценти од населението носи очила за исправка на видот или леќи, а тој процент значително се зголемува кај луѓето на возраст над 65 години. Многу помалку се луѓето кои тегобите со видот е неопходно да ги решаваат со оперативен зафат, но и тие имаат полза од денешните развиени и многу успешни постапки на лекување.

Конвенционално лекување[уреди | уреди извор]

Конвенционалното лекување кај нарушувањата како што се кратковидоста, дакелувидоста и астигматизмот а заснивано пред сè на препишувањето на леќи за исправка. Другите нарушувања, како што се мрежата, дегенерацијата на очната дамка и двоењето на мрежницата се лекуваат со оперативен зафат. За лекување на кратковидоста офталмологот ќе препише леќи за исправка за да можат визуелните слики правилно да се сосредоточуваат на мрежницата. Обично можете да избирате меѓу носење очила или контактни леќи. Како алтернатива на контактните леќи, но во тешки случаи, кратковидоста може да се лекува и со оперативен зафат. Радијалната кератотомија е оперативен зафат со кој на рожницата се вршат мали, како точкички ситни резови, со што се изложува средниот дел на рожницата, а сликите правилно се сосредоточуваат на мрежницата. Секое око посебно се прегледува и оперира, а успехот на операцијата е многу добар. Кај над три четвртини од оперираните луѓе резултатот од операцијата е исправен или делумно исправен вид. Сепак, оперативната постапка може да предизвика некои компликации; неизедначен вид, воспаление на рожницата, а постои и опасност од прснување на рожницата. Ласерското лекување може да ги даде истите резултати како и радијалната кератотомија. Ласерскиот зрак ги отстранува микроскопските количества влакна од средниот дел на рожницата. На тој начин рожницата се издолжува, па сноповите светлина правилно се сосредоточуваат на мрежницата. Ако далекувидоста не се излекува по природен пат т.е. Со приспособување и нарушувањето се задржи сè до возрасните години, лекарите можат да препишат носење на очила или контактни леќи, но тие обично не се потребни до 40 годишна возраст или подоцна. Луѓето обично почнуваат да ја лекуваат далекувидоста кога ќе ги почувствуваат симптомите на напрегање на очите, особено на крајот на денот. За лекување на астигматизмот најчесто се користи леќа која ги исправува или неутрализира дејствата на неправилната рожница. Обично можете да изберете меѓи очила или контактните леќи. Во некои случаи двоењето на мрежницата може да се исправи со помош на ласер со голем процент на испешност. Ако лупењето или кинењето на мрежницата е многу изразено, можеби ќе биде потребен дополнителен керективен зафат.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Алтернативните начини на лекување се состојат од внесување дополнителни количества витамини и минерали, чиј недостиг може да ја забрза појавата на нарушувањето на видот, а со цел да се намали преоптоварувањето на окото. Тие можат да го дополнат дејствувањето на конвенционалните лекови кои офталмологот ги препишал за лекување на нарушувањата на видот.

Акупунктура[уреди | уреди извор]

Традиционалните кинески методи за лекување се потпираат врз природната способност на телото да ги одмори преоптоварените очи, да ја намали главоболката и да го намали напрегањето на очите поради долгото читање или работа на компјутер. Ако сте кратковиди, далековиди, или боледувате од астигматизам, правете ги вежбите што децата во Кина ги прават на почетокот на училишниот ден:

  • ставете ги двата палци на горниот дел на очните празнини, покрај коренот на носот и силно масирајте го тој дел.
  • коренот на носот со палецот и показалецот , притиснете го неколкупати.
  • со показалецот притиснете ја и масирајте ја коската под очите, а покрај носот.
  • ставете ги показалците на слепоочниците, на бочните страни на главата зад очите и масирајте го тој дел.

Лекување со лековити билки[уреди | уреди извор]

Дневната доза од 200 мг боровинка ( Vaccinium myrtillus) се смета за ефикасна во забрзувањето на микроциркулацијата, протокот на крв во очните нерви, особено во случај на ноќно слепило и кратковидост.

Хомеопатија[уреди | уреди извор]

Ако чувствувате дека ги напрегате очите и имате болки во очите по напорната работа, препорачува лек што можете да го добиете без рецепт – Ruta со јачина 12x, три или четирипати на ден во текот на два дена.

Исхрана[уреди | уреди извор]

За јакнење на мрежницата, за луѓето кои боледуваат од ноќно слепило се препорачува пиење до 25 000 МЕ од витаминот А од рибино масло секој ден. Цинкот, што може да се најде во големи концентрации во остригите, може да биде ефикасен во лекувањето на ноќното слепило.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Око