Боко Харам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сојузни држави во Нигерија кои применуваат Шеријат

Боко Харам (Boko Haram - западното учење е грев) е радикална муслиманска терористичка организација во Нигерија, формирана во 2002 година во нигерискиот град Мајдугури. Официјалното име на организацијата е Jama'atu Ahlis Sunna Lidda'awati wal-Jihad што од арапски значи Луѓе посветени на ширење на учењето на Пророкот и Светата борба. Организацијата, преку врешење терористички напади на територијата на Нигерија, се бори за воведување на Шеријат на целата територија на државата.

Идеологија[уреди | уреди извор]

Боко Харам се противи не само на западното образование, туку и на Западната култура и современата наука. Организацијата е противник на слободните избори и гласање. Според водачите на организацијата, нигериската држава е управувана од неверници.

Основање[уреди | уреди извор]

Боко Харам е основана од Мохамед Јусуф, во 2002 година во градот Мајдугури, Нигерија, во религиозен комплекс составен од училиште и џамија. За кратко време, многу сиромашни семејства од Нигерија и соседните држави, почнале да ги носат своите деца во училиштето, кое во меѓувреме било претворено во џихадски центар за обука на идните борци против официјалниот режим на Нигерија.

Први судири со властите[уреди | уреди извор]

По добивањето информации дека членовите на Организацијата се вооружуваат, во јули 2009 година нигериската полиција започнала истрага, во која неколку водачи биле лишени од слобода, што предизвикало судири меѓу локалното население од северните нигериски градови, и полицијата, како резултат на што загинале над 700 луѓе.

Напади[уреди | уреди извор]

Местоположба на Мајдугури во Нигерија
  • На 29 мај 2011 година, Боко Харам ја презеде одговорноста за серија бомбашки напади во северна Нигерија, во која загинаа 15 луѓе.
  • На 26 јуни 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во Мајдугури, во кој загинаа 25 лица.
  • На 27 јуни 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во Мајдугури, во кој загинаа 2 девојчиња и беа повредени двајца царински работници.
  • На 3 јули 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во пивница во Мајдугури, во кој загинаа најмалку 20 луѓе.
  • На 10 јули 2011, Боко Харам изврши бомбашки напад врз црква во градот Сулеја, сојузната држава Нигер.
  • На 12 август 2011, Боко Харам ја презеде одговорноста за убиството на познатиот муслимански свештеник Лиман Бана, во главната џамија во градот Н'гала, сојузната држава Борно.
  • На 26 август 2011, организацијата изведе самоубиствен бомбашки напад со автомобил-бомба врз седиштето на Обединетите Нации во Абуџа, во кој загинаа најмалку 21 лице[1]/
  • На 16 октомври 2011, нигериската полиција осомничи членови на Боко Харам, за убиството на политичарот Моду Бинтубе, во градот Мајдугури.
  • На 22 октомври 2011, портпаролот на организацијата објави дека милитантни членови го заклале Алхаџи Закариа Иса, претставник на нигериската национална телевизија, под обвинение за шпиoнажа во корист на владата.
  • На 5 ноември 2011, организацијата ја презеде одговорноста за серијата координирани бомбашки напади во неколку градови во Нигерија, во кои загинаа најмалку 67 луѓе.[2] Портпаролот на организацијата, за весникот The Daily Trust изјави дека ќе следуваат уште бомбашки напади.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.bbc.co.uk/news/world-africa-14677957
  2. Во напади на Боко Харам, убиени 63 лица“, „BBC News“, 5 ноември 2011 (конс. 6 ноември 2011).