Боза
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бозата е освежителен нискоалкохолен (1% алкохол) пијалок кој се добива со ферментација на брашно од пченица или брашно од просо, шеќер и квасец. Овој пијалок може да се најде во повеќето македонски слаткарници, и постана традиционален македонски пијалок. Луѓето кои го прават овој пијалок ги нарекува бозаџии. Рецептот за овој пијалок е стар стотици година а кај нас е пренесен со поробувањето од страна на Отоманската Империја.
Покрај Македонија, овој пијалок стана традиционален и во другите балкански земиј покорени од Отоманската Империја како Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина а посебно во Албанија и Турција. Македонската боза се разликува од останатите по тоа што е посветла и има поблаг вкус.
[уреди] Историја
За почетоците на бозата се верува дека датираат од пред неколку илјади години во времето на Месопотамија, но сигурни податоци и добиваме од времето на Отоманската Империја каде што достигнува голема популарност. Бидејќи бил сметан за алкохолен пијалок тој понекогаш бил забрануван од султаните.
Можеби најстарата продавница за боза во Македонија е слаткарницата „Апче“ во Дебар Маало, Скопје блиску до Универзална Сала. Отворена е во 1934. година од Исман Кадри. Поради добрата боза за која луѓето често велеле дека е лек за сите болести тој во 1940. година ја прекрстил по што го добила денешното име.