Бог на празнините

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бог на празнините (англ. God of the gaps) е вид на теолошко гледиште во кое празнините во научното знаење се земаат како доказ за постоењето на Бог. Овој поим е измислен од страна на христијанските теолози не со цел да го дискредитираат теизмот, туку да укажат на погрешноста во потпирањето на теолошките аргументи за постоењето на Бог.[1]

Терминот „Заблуда Бог на празнините“ може да се однесува на позиција која претпоставува дејство на Бог како објаснување за одреден непознат феномен, што е варијанта на заблудата аргумент од незнаење.[2][3] Ваквиот аргумент понекогаш се редуцира во следнава форма:

  • Постои празнина во сфаќањето на некој аспект на природниот свет.
  • Затоа, причината би морала да биде натприродна.

Еден пример за ваков аргумент кој го користи Бог како објаснување на еден од сегашните празнини во биолошката наука е: „Бидејќи сегашната наука не може точно да објасни како настанал животот, тогаш би морало да биде Бог кој причинил животот да започне“.[4]

Аргументите од типот на „Бог на празнините“ не се поддржани од некои теолози кои инаку сметаат дека ваквите аргументи притежнуваат да го потиснат Бог во она што и преостанува на науката да го докаже: со зголемување на научното знаење, доминатот на Бог се намалува.[5][6]

Од научна гледна точка, „Бог на празнините“ се смета за заблудата кога за секоја празнина во нашето научно познавање се мисли дека е доказ за дејството на Бог, што е во спротивност од признавањето дека ние моментално го немаме одговорот или антиципирајќи дека ако се најде одговорот, тогаш тој ќе биде научен одговор, во кој нема да може да биде вклучена улогата на Бог.[7] Ричард Докинс посветува цело поглавје за ова во неговата книга Илузијата — Бог.

Наводи[уреди]

  1. See, e.g., "Teleological Arguments for God's Existence" in Stanford Encyclopedia of Philosophy [1]
  2. Michael Shermer (2003) How We Believe: Science, Skepticism, and the Search for God, p 115 ff.
  3. Robert Larmer, "Is there anything wrong with 'God of the gaps' reasoning?" International Journal for Philosophy of Religion, Volume 52, Number 3 / December, 2002, p 129 ff.
  4. See, e.g., Mark Isaak (2006) The Counter-Creationism Handbook pp x, 11–12, 35.
  5. Thomas Dixon "Science and Religion: A Very Short Introduction" p. 45
  6. Man Come Of Age: Bonhoeffer’s Response To The God-Of-The-Gaps, Richard Bube, 1971
  7. http://www.dctech.com/physics/features/old/godofgap.php