Бледата сина точка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Dark  grey and black static with coloured vertical rainbow beams over part of  the image. A small pale blue point of light is barely visible.
Планетата Земја видена од растојание од околу 6,1 милијарди километри. Земјата изгледа како мала бледо сино-бела точка (на отприлика средината на кафената лента која се наоѓа во десниот дел од сликата) во мракот на космосот.

Бледата сина точка (англиски: Pale blue dot) е фотографија на планетата Земја направена во 1990 година од Војаџер 1 од рекордни далечина. Фотографијата ја прикажува нашата планета во огромното вселенско пространство. По барање на Карл Саган, откако Војаџер 1 ја завршил својата примарна мисија и го напуштил на Сончевиот систем, НАСА го свртила вселенско летало за да се добие слика на нашата планета при напуштањето на Сончевиот систем

Подоцна, насловот на фотографијата бил употребуван од страна Саган за наслов на неговата книга од 1994, Бледата сина точка: Визија на човековата иднината во вселената.[1]

Во 2001 во една статија на Space.com, Реј Villard и Jurrie Van der Woude ја избрале оваа фотографија, како еден од десетте најзначајни вселенски фотографии на сите времиња.[2]

Според HORIZONS софтверот на Jet Propulsion Laboratory (НАСА) растојанието помеѓу Војаџер и Земјата во времето на фотографирањето изнесувало:[3]


Растојание на Војаџер 1 вселенското летало од Земјата
Единици 14 февруари 1990 9 јуни 1990
Астрономски единици 40,4722269111071 40,6835761263791
Километри 6.054.558.968 6.086.176.360
Милји 3.762.136.324 3.781.782.502

Литература[уреди]

  1. 1,0 1,1 Sagan, Carl (1994). „Pale Blue Dot: A Vision of the Human Future in Space“ (1st edition издание). New York: Random House. ISBN 0-679-43841-6. 
  2. 2,0 2,1 Britt, Robert Roy (25 септември 2001). „Experts Pick: Top 10 Space Science Photos“. Space.com. http://www.space.com/scienceastronomy/astronomy/top10_images_010925-11.html. 
  3. 3,0 3,1 NASA's JPL Horizon System for calculating ephemerides for solar system bodies

Слични содржини[уреди]

Надворешни врски[уреди]