Битка кај Тулуз
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Битка кај Тузул | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Маварско освојување на Иберискиот полуостров | |||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Аквитанија | Умајади | ||||||
| Војсководци | |||||||
| Одо Аквитански | Ал Сам ибн Малик ал Кавлани | ||||||
Битката кај Тулуз се одвила на 9 јуни 721 година кај истоимениот град во денешна Франција помеѓу муслиманските Умајади и Франките. Во оваа битка, муслиманите биле поразени, а Каролинската империја на чело со Карло Мартел добила доволно време да се подготви за нов поход кој се случил единаесет години подоцна.
[уреди] Опсада на Тулуз
Ал Сам ибн Малик ал Кавлани бил валија (гувернер) на муслиманска Шпанија или Ал Андалуз. Успеал да собере голема армија од Северна Африка, Сирија, Јемен. Тргнал кон Аквитанија, која била само формално под раководство на Каролинската империја, но во пракса таа се издвојувала како независна. Валијата го опседнал градот Тулуз, еден од најзначајните градови на Аквитанија. Војводата Одо Аквитански веднаш започнал да бара помош, но кога по три месеци се вратил, неговиот град бил исцрпен пред паѓање во муслимански раце.
[уреди] Текот на битката
Кога Одо Аквитански го напуштил Тулуз, Муслиманите премногу постапиле самоуверено. Тие не само што не успевале да го заземат градот туку не можеле да ги зачуваат и своите позиции. Кога Одо Аквитански по три месеци се вратил кон градот ги изненадил своите непријатели. Нападот се случил на 9 јуни 721 година и таа битка денеска е позната како битката кај Тулуз.
Одо Аквитански успеал да ја разбие муслиманската армија. Голем дел од муслиманите загинале а другите побегнале без оружје и опрема. Ал Сам ибн Малик ал Кавлани успеал да побегне со своите службеници но набргу починал, а на негово место застанал Абд Ал Рахман, кој станал и емир на Ал Андалуз.
[уреди] Последици
Новиот емир Абд ал Рахман повторно собрал голема војска од Северна Африка и во 732 година повторно ја нападнал Каролинската империја. Овој пат Одо Аквитански претрпел катастрофален пораз во битката кај Бордо. Голем дел од населението било убиено а градот бил опљачкан. Одо Аквитански помош побарал од Меронвизите.
Исламската инвазија во Западна Европа завршила по битката кај Поатје на 10 октомври 732 година каде муслиманската армија била поразена.