Битка кај Пелеканон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Пелеканон
Дел од the Османлиско-византиски војни
Датум 10-11 јуни, 1329
Место Блиску Никомедија, Битинија
Исход Османлиска победа[1]
Завојувани страни
Византиска империја Османлиски султанат
Команданти и водачи
Андроник III Палеолог Орхан I
Сила
~ 2,000 војници од Цариград, и нешто помалку од оваа бројка од Тракија.[2] ~ 8,000 [2]


Битката кај Пелеканон се одвила од 10 јуни до 11 јуни 1329 година помеѓу силите на Византија предводени од Андроник III Палеолог и Османлиите предводени од Орхан I. Во битката византиската војска била поразена.

Во времето на Андроник, териториите на Византија значително се намалиле на сметка на Османлиите. Византија територијално се простирала кон Егејско море до околината на градовите Никомедија кој се наоѓал на околу 150 километри од главниот град Константинопол. Андроник одлучил да покрене иницијатива за да ги ослободи Никомедија и Никеја. Така, двете страни се сретнале кај Пелеканон. Во битката најголемиот дел од турската армија се повлекла кон планините, северно од бојното поле. На Андроник му се отворил патот за неговиот поход. Сепак, дополнителните престелки помеѓу двете страни ги принудиле византијците да се повлечат кон Константинопол.

Кампањата на Византија била целосно прекинета. Византиската војска никогаш подоцна не направила повторен обид за враќање на азиските територии. Поранешните престолнини, никомедија и Никеја не биле поштедени и одржувањето на Босфорот било ставено под прашање. На овие простори, Турците постепено започнале да градат свои бази, кое подоцна ќе доведе до целосно уништување на Византија.

Наводи[уреди]

  1. Heath, Ian and Angus McBride, Byzantine Armies 1118-1461 AD, (Osprey Publishing, 1995), 8.
  2. 2,0 2,1 Bartusis, The Late Byzantine Army, p. 91 "In June 1329 he [Andronicus III] and Kantakouzenos led a major expedition into Asia with 2,000 soldiers from Constantinople, and something less than this number from Thrace. At Pelekanos their army encountered the forces of Orhan, Osman's son and successor, encamped with about 8,000 men."