Битка кај Курапедион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Курапедион
Дел од Војни на дијадосите
mini
Датум 281 гпне
Место покрај Сарди
Исход Конечна победа на Селевк
Завојувани страни
Лизимахија Селевкидска империја
Команданти и водачи
Лизимах Селевк

Битката кај Курапедион (грчки: Κούρου πεδίον; латински: Kurupedion) (281 г.пне) била последната голема битка во епохата на дијадосите; се одиграла на рамнината Курапедион во Лидија близу Сарди во денешна Турција, меѓу Лизимах и Селевк, за кралскиот престол во Македонија. Во битката загинува Лизимах кој, како крал на Македонија (284–281), во овој период успева да ја наметне власта во Tесалија, Фокида и Етолија. Победникот Селевк (последниот од дијадосите, основач на династијата Селевкиди, која владее со азијскиот дел) истата година е убиен од Птолемај Kераун, син на Птолемај Лаг, еден од дијадосите, кој го владее Египет, основачот на династијата Птолемаиди.[1][2]

Литература[уреди]

  • Helen S. Lund, The Corupedium Campaign; Seleukus and the Cities, in: Lysimachus: A Study in Early Hellenistic Kingship (2002), S. 199-205
  • Helen S. Lund, The last Battle, in: Lysimachus: A Study in Early Hellenistic Kingship (2002), S. 205-206
  • Hans-Joachim Gehrke, Geschichte des Hellenismus, in: Oldenbourg Grundriss der Geschichte, Band 1a (2003), S. 43-45

Референци[уреди]

  1. Diodorus Siculus, 12 vols. Harward University Press, 1963
  2. Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995.