Битка кај Ипс
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Битка кај Ипс | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од серијалот за Војните на дијадосите |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Антигониди | Македонци Селевкиди |
||||||
| Војсководци | |||||||
| Антигон, Деметриј |
Препелаус, Лизимах, Селевк, Плеистарх |
||||||
| Сила | |||||||
| 45,000 тешка пешадија, 25,000 лесна пешадија, 10,000 коњаница, 75 слонови |
40,000 тешка пешадија, 20,000 лесна пешадија, 12,000 Персиска коњаница, 3,000 тешка коњаница, 400 слонови, 100 scythed chariots (not deployed) |
||||||
|
|||||
Битката кај Ипс се случила 301 п.н.е. во Фригија за време на војната на дијадосите. Антигон и неговиот син Деметриј се судриле со Касандар (владетел на Македонија), Лизимах (владетел на Тракија) и Селевк (владетел на Вавилонија и Персија).
Содржина |
[уреди] Ангажирани ресури
Антигон бил стар 80 години, ги владеел територите на денешна Сирија, Турција, Либан и Јудеја. Имал голема армија и имал победено многу непријатели. Неговата војска броела околу 80.000 војници, од кои 45.000 тешка пешадија, 25.000 лесна пешадија, 10.000 коњаници и 75 слонови. Неговите непријатели имале помалкубројна војска (околу 70.000 ), но Селевк имал дури 400 слонови. Тоа била единствената поголема битка на европско тло во која и двете страни имале воени слонови.
[уреди] Распоред на силите
Двете страни ги поставиле центално своите фаланги, лесната пешадија и слоновите ги поставиле напред. На страната на своите сојузници Селевк распоредил само 100 слонови напред, а останатите ги задржал како резерва. Лизимах и Селевк направиле еднаква распределба на коњаниците на обете крила. Од другата страна Антигон го распоредил поголемиот дел од кањаницата на десната страна под команда на неговиот син Деметриј.
[уреди] Тек на битката
Во центарот се судриле лесната пешадија и слоновите. Секоја од страните се обидувала да ги уништи противничките слонови а своите да ги заштити. Деметриј нападнал со коњаницата врз сојузничката лева страна која била под команда на синот на Селевк, Антиох. Деметриј напредувал по сојузничката лева страна, но слоновите на Селевк кои биле во резерва ја блокирале намерата на Деметриј I Опсадникот за напад на сојузничката фаланга.
Во центарот трупите на Антигон бидејќи биле побројни и поискусни почнале да покажуваат успех во борбата, но стрелците на сојузниците нападнале на левото небрането крило на Антигоновата војска. Опсипани со дожд од стрели војската на Антигон почнала да ја губи вољата за борба, задавајќи се во бег. Двете армиии постанале неорганизирани. Антигон безуспешно се обидувал да ја организира својата армија, но и самиот погинал погоден од стрела.
[уреди] Последница
Антигон се обидел да ја обедини Македонската Империја. Но со овој пораз и со неговата смрт тој обид пропаднал, а империјата дефинитивно се поделила на три важни центри. Имено Лизимах и Селевк ги поделиле азиските територије. Лизимах ја добил и Западна Мала Азија, братот на Касандар ги добил Киликија и Ликија, а Селевк останатиот дел од империјата. Египет останал под владение на Птолeмаидите, Македонија и Грција се втoриот важен центар, а Селевк со Сирија и Вавилон го сочинува трeтиот важен центар.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Livius.org: Битката кај Ипс (англиски)
- Битката кај Ипс анимирана карта од Џонатан Веб (англиски)