Битка кај Граник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Граник
Дел од Походи на Александар Македонски
Charles Le Brun, Le Passage du Granique, 1665.png
Битката кај Граник од Шарл Лебрен, 1665
Датум мај 334 п.н.е.
Место р. Граник (денешна р. Бига), Турција
Исход Победа на Македонија
Територијални
промени
Александар зазема половина од Мала Азија.
Завојувани страни
Кралство Македонија Македонија,
грчки сојузници
Ахеменидско царство Персија,
грчки платеници
Команданти и водачи
Александар Македонски
Парменион
Клит Црниот
Арсам
Реомитр
Нифат
Петин
Спитридат
Митробазан
Арбупал
Митридат
Фарнас
Омар
Арсит
Роезак
Мемнон од Родос
други
Сила
20.000 пелтасти[1]
22.000 тешка коњаница[2]
5.000 коњаница[2]
9.500 пелтасти[2]
5.000 грчки хоплити[3]
10.000 коњица[3]
Жртви и загуби
300 до 400[4]
1,150-1,380 to 3,500-4,200 wounded[4]
3.000 пешадија,[5]
1.000 коњица,[5]
2.000 заробени[5]

Битката кај реката Граник во мај 334 п.н.е. била првата голема победа на Александар Македонски против Персија (Ахеменидско царство). Се одиграла во северозападна Мала Азија, близу наоѓалиштето на Троја. Тука Александар ги победил силите на персиските сатрапи на Мала Азија, вклучувајќи и голем број на грчки платеници.

Борци[уреди]

  • Македонците и нивните грчки сојузници под водство на Александар со околу 5.000 коњаници и 26.000 пешадијци.
  • Персијците под водство на „комитет“ од сатрап и со околу 12.000 пешадија, 4.000–5.000 грчки платеници и 15.000 коњаница.

Броевите прилично варираат зависно од изворот (Македонци од 18.000 до 43.000), (Персијци од 23.000 до 50.000).

Место[уреди]

Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига).

Увертира[уреди]

Александар тргнал во Азија во 334 п.н.е. по успешното обединување на грчките и македонските позиции по смртта на неговиот татко Филип II Македонски.

Тој го преминал Хелеспонт од Сест до Абид и продолжил по патот за Даскилиум, кој бил престолнината на сатрапијата Фригија. Разните сатрапи на Персиското царство се обединиле и предложиле битка на брегот на реката Граник. Грчкиот платеник Мемнон од Родос предложил да се пали житото и другите стоки при повлекувањето пред Александар, но неговиот предлог бил одбиен.

Битката[уреди]

Распоред на силите во битката кај реката Граник

Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следеле движењето на македонската војска. Aлександар не го прифатил советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Aлександар бил ранет.

Според историчарот Аријан, Персијците ја поставиле коњаницата пред пешадијата и се составиле на (источниот) речен брег. Војската на Александар ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Александар, Парменион).

Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени Грци, но Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш, додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу Персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.

Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит Црниот. Александар набргу се освестил.

Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.

Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле илјадници војници, 2.000 биле заробени. Отприлика 1.000 коњаници и 3.000 пешадијци биле убиени, главно при бегањето. Заробените наемници Хелени Aлександар ги испраќал во Македонија на принудна работа, а 300 персиски воени опреми испраќа во Aтина, како дар на божицата Aтена во храмот на Aкропол.[6][7][8]

Последици[уреди]

Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна сила. Непосредните ефекти од битката биле ослободувањето на грчките градови во Мала Азија и воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците.

Наводи[уреди]

  1. Велман претпоставува дека македонската војка броела вкупно до 47.000 војници.[се бара страница]
  2. 2,0 2,1 2,2 Моербик (1997).[се бара страница]
  3. 3,0 3,1 Велман претпоставува дека персиската војска броела до 25.000 војници, вклучително и 10.000 коњица и 5.000 Грци. Фулер (1960) претпоставува вкупно 15.000. Делбрик (1920) претпоставува помалку од вкупно 6.000.
  4. 4,0 4,1 Аријан во описот на друга битка го зема соодносот дванаесет на еден помеѓу ранети и убиени е под очекуваното наспроти 24 8 Riiatow и Kbchly p 27 изјава дека во модерните битки вообичаен однос на ранети наспрема убиени е од 8:1 до 10:1. <http://books.google.ca/books?id=31chAAAAMAAJ&dq=companion+cavalry&pg=PA317&ci=75,1394,426,220&source=bookclip> “A History of Greece From the Earliest Period to the Close of the Generation Contemporary with Alexander the Great” By George Grote
  5. 5,0 5,1 5,2 Arrian 1.16.45 - 50
  6. Aријан, Aлександровата Aнабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000
  7. K. K. Руф, Историја на Aлександар Македонски. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998
  8. Ф.Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995