Битката кај Галиполи се водела помеѓу српските војски кои биле испратени од страна на Стефан II Милутин со цел да помогнат на византискиот император во заштита на своите територии од Османлиите. По неколкуте несупешни обиди на Византија, таа била принудена да побара помош од Србија. Турците започнале со ограбување на околината околу полуостровот Галиполи. Османлиите во битката биле поразени, а како заслуга и благодарност, византискиот император на Србија и го дала градот Куцово.
Оваа битка е првата битка помеѓу Србите и Османлиите на европска земја. Византијската империја, која била во момент на голема криза и распаѓање, од Србите повторно побарала помош во 1313 година. Знаејќи за големата опасност која претстоела од Турците, царот Стефан II Милутин повторно ја испратил својата војска, под раководство на Новак Гребострек во Мала Азија. Се смета дека во оваа кампања, Србите забележиле одредени помали успеси против Османлиите.
- ↑ 1,0 1,1 Nicol, Donald, The last centuries of Byzantium, 1261-1453, (Cambridge University Press, 1993), 139.
- ↑ Bartusis, Mark, The Late Byzantine Army, (University of Pennsylvania Press, 1997), 83.
|
Средновековни отоманско-српски војни |
|
|
|
|