Бистрица (Егејска Македонија)

Координати: 40°27′57″N 22°39′14″E / 40.4659° СГШ; 22.654° ИГД / 40.4659; 22.654
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистрица
Αλιάκμονας
Поглед на Бистрица
Местоположба
ЗемјиГрција
ОбластЕгејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоГрамошта
 • координати40°21′00″N 20°47′34″E / 40.3499° СГШ; 20.7927° ИГД / 40.3499; 20.7927
 • надм. вис.2.075 м
Устие 
 • место
Егејско Море, југоисточно од Либаново
 • координати
40°27′57″N 22°39′14″E / 40.4659° СГШ; 22.654° ИГД / 40.4659; 22.654
 • надм. вис.
0 м
Должина297 км
Големина на сливот6.971,7 км2
Особености на сливот
Притоки 
 • десниЧрчишка Река

Бистрица или Белица (грчки: Αλιάκμονας, Алијакмонас) — најдолгата река во Егејска Македонија и во цела денешна Грција, со вкупна должина од 297 км. Тече низ областа Западна Македонија (Костурскиот, Гребенскиот и Кожанскиот округ и Централна Македонија (Берско и Катеринско). Сливот зафаќа површина од 6.971,7 км2.[1]

Течение[уреди | уреди извор]

Завирување на реката Бистрица по големата брана кај Варвара (Берско)

Реката извира во планината Грамошта (Грамос), близу границата со Албанија. Во горното течение, реката се движи на исток, а потоа кај Костур врти на југоисток. Опишува крива линија околу планината Црвена Гора, па свртува на североисток кај с. Земњач. Потоа влегува го големото вештачко Витивјанско Езеро. Југоисточно од Бер, Бистрица навлегува во Солунското Поле, подрачје од голема важност за земјоделството. На крај се влева во Солунскиот Залив западно од устието на Вардар, а источно од с. Либаново.

Мост преку Витивјанското Езеро на реката Бистрица близу Серфиџе.

Бистрица минува крај следниве градови (по низводен редослед): Нестрам, Рупишта, Лапчишта, Земњач, Велвендо и Гида.

Слив и притоки[уреди | уреди извор]

На југоисток и југ, сливот на Бистрица се граничи со сливот на Пенеј (од Егејскиот слив), на југозапад и запад со сливовите на Војуша и Семан (од Јадранскиот слив), а на север и северосзток со сливовите на Вардар и Колудеј (од Егејскиот слив) и други помали реки кои се влеваат во бессливното подрачје во северозападот на земјата.[2]

Река Бистрица има поголем број притоки, од кои највеќето се кратки: → лева притока, ← десна притока

Историја[уреди | уреди извор]

Според Јулиј Цезар, Бистрица претставувала граница помеѓу Македонија и Тесалија. Во горното течение одела во југоисточен правец низ Елимеја, и продолжувала на североисток, образувајќи ја границата помеѓу Пиерија, Еордеја и Иматија. Во времето на Херодот, нејзина притока била Колудеј (Лудија)[3] која се одлевала од езерото на Пела. Денес Колудеј не се спојува со Бистрица, туку се влева право во Егејското Море.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бистрица“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 156. Text "series " ignored (help)
  2. «Большая Советская Энциклопедия» – Альякмон, т. 1, стр. 490
  3. 7, 127