Биоразновидност на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Биота на Нов Зеланд)
Мазноногите или „новозеландски примитивни жаби“ е една од многуте ендемски фамилии во Нов Зеланд.

Биоразновидноста во Нов Зеланд, голем тихоокеански архипелаг, е еден од најнеобичните на планетата заради неговата долга изолација од другите континентални маси. Неговите особини делумно потекнуваат од Гондвана, од која се има одделено пред 82 милиони години, додека некои поскромни особини ги дели со Нова Каледонија и островот Лорд Хау, со кој ја дели истата плоча како и некои сродности со Австралија. Во поново време еден дел од биоразновидноста е внесен од луѓето. Новозеландскиот биоразновидност содржи висок степен на ендемизам кај флората и кај фауната. Историски, новозеландските острови немаат староседелски цицачи освен лилјаци и барем уште еден вид, изумрен пред милиони годиини. Главни сочинители на фауната се инсектите и птиците.[1] Во флората преовладуваат гондванските растенија кои историски сочинуваат многу шуми како на пример оние од гигантското дрво каури.

Еволуција на новозеландскиот биоразновидност[уреди | уреди извор]

Со раздвојувањето на суперконтинентот Гондвана, новите контитенти и микроконтиненти си ги задржале одликите и како резултат на тоа делат повеќе сличности. Нов Зеланд, заедно со Нова Каледонија почнал да се двои од Антарктичка Гондвана пред 100 милиони години и поделбата завршила 18 милиони години подоцна. Оттогаш Нов Зеланд се придвижува северозападно, менувајќи си го релјефот и климата. Некогаш тој бил главно под вода со само 18% од моменталната површ. Од тогашниот биоразновидност денеска преживеани се неколку групи: главно растенија, како ногоплоди и јужни буки, но исто така и особени инсекти, необичните новозеландски жаби и туатарата, како и некои од домородните птици.

Два извора на биоразновидноста во земјата по одвојувањето од Гондвана биле создавањето на нови видови и воздушна или поморска миграција. Речиси сите вакви доселеници дошле од Австралија и претставуваат голем дел од птиците во Нов Зеланд,[2] лилјаците и некои видови на растенија (донесени од ветрот или во стомакот на птиците). Некои од овие доселеници имаат дојдено толку одамна, што нивното сродство со Австралиските видови не е утврдено; на пример, сродниците на необичниот краткоопашест лилјак биле непознати сѐ додека во Австралија не биле пронајдени фосили од миоценот. Се претпоставува дека необичната теслоклунеста птица е во сродство со птицата кагу во Нова Каледонија. Овие острови исто така делат сличности во видовите на гуштери.

Елементи на новозеландскиот биоразновидност[уреди | уреди извор]

Растителен биоразновидност[уреди | уреди извор]

Дрвата каури се највисоките дрва во Нов Зеланд. Денес не се наоѓаат многу често заради нивното исползување во минатото.

Историјата, климата и геологијата на Нов Зеланд имаат создадено голема разновидност во растителноста. Во двата главни типа на шуми преовладуваат ногоплоди и јужни буки. Ногоплодите (Podocarpaceae) се стари зимзелени дрва од семејството на голосемениците кои создаваат балдахин, а под нив растат разни тврди дрва и грмушки. Шумите од јужни буки, од родот буки, се помалку разновидни, со тоа што во балдахинот преовладуваат четири типа на буки кои дозволуваат само едно ниво на подрастоци. ВО северниот дел на Нов Зеланд во ногоплодните шуми преовладувале старите џиновски дрва каури. Овие дрва се меѓу најголемите во светот и го држат светскиот рекорд за најголем волумен на исползелив дрвен материјал. Голем дел од овие дрва биле соборени во последните 150 години.

Останатите типови на растителност во Нов Зеланд се треви како бусенот кои обично виреат во супалпските предели и ниските грмушести предели помеѓу тревните предели и шумите. Во овие грмушести предели преовладуваат маргаритки кои знаат да станат дрвенести и да растат до 3 м височина.

Животински разновидност[уреди | уреди извор]

Освен лилјаци и морски цицачи, ниеден друг цицач не стигнал во Нов Зеланд пред луѓето. Краткоопашестиот лилјак игра улога во расплодувањето на растенијата каде што живее. Долгоопашестиот лилјак е исто така чест.

Најважниот дел од ’рбетничка фауна во Нов Зеланд го сочинуваат птиците. Не се знае дали повеќето новозеландски птици потекнуваат од гондванските видови, бидејќи ДНК тестовите укажуваат на тоа дека дури и птиците-тркачи (киви и моа) се имаат населено по раздвојувањето. Скорешните студии укажуваат на тоа дека птицата новозеландско палче потекнува од Гондвана. ДНК-испитувањата покажуваат дека оваа птица е најстарата од сите птици певци, со тоа што се разделиле од нивните гондвански предци кога Нов Зеланд се одвоил од суперконтинентот. Во отсуство на цицачи, птиците се диверсифицирале во ниши кои обично се состојат од цицачи во другите екосистеми.

Изумрената птица хуија била член на ендемското семејство калеиди.

Птицата моа, од која постојат 10 видови, бил голем брстачи кои биле плен за џиновскиот орел наречен Хастов орел. И моата и овој орел изумреле накратко по доаѓањето на луѓето во Нов Зеланд (околу 1300 год). Бидејќи ловците ја истребиле моата, Хастовиот орел повеќе го немал својот главен извор на храна, па така и тој изумрел. Познатата птица киви се занимава со пребарување на храна, додека енигматичната теслоклунеста птица била универзален сештојадец. Антохерите, кои се калеиди, се ендемско семејство на птици во Нов Зеланд, но многу други новозеландски птици делат својства со Австралиските, како на пример новозеландскиот гулаб, новозеландскиот сокол, како и разните папагали, разните патки, крајбрежни птици, утки и морски птициs, иако често тие имаат по некоја уникатно Ннвозеландска одлика. Од 245-те од поширокиот новозеландски регион, 174 се ендемски (околу 71%).

Влекачот туатара претставува уникатна составница на новозеландскиот биоразновидност. Ова е единствениот преживеан вид од редот клуноглави гуштери

Агамите, игуаните, копнените желки и змиите никогаш не успеале да дојдат до Нов Зеланд, а и ден денес не постојат. Фосилните наоди укажуваат на постоењето на еден вид крокодил, веројатно мекосухски крокодил кој живеел во миоценот, но освен тој вид, единствените влекачи кои стигнале во Нов Зеланд биле скинките и разните гекони, заедно со живиот фосил, туатарата.[3] Туатарата достигнува должина од 60 см и како таков е најголемиот влекач во Нов Зеланд. Жабите, кои мора да потекнуваат од Гондвана заради нивната неможност да живеат во солена вода, се исклучок од ова правилото дека водоземците не живеат на океански острови. Неколкуте наполно слатководни риби во Нов Зеланд потекнуваат од морски риби..

Новозеландските безрбетници имаат доста сличности со гондванските видови, но се доста диверзифицирани (но нерамномерно). Постојат повеќе од илјада видови на полжави, и многу видиво на инсекте кои се толку големи, што во некои случаи неможат да летаат, како на пример скакулците и бубачките. Меѓутоа постојат помалку од 12 вида на мравки. Најславните инсекти во земјата, ветите, се сродници на штурците кои неможат да летаат или скокаат и често достигнуваат енормни пропорции.

Ендемизам[уреди | уреди извор]

Нов Зеланд има голем број на ендемски видови:

Од проценетите 20.000 видови на габи во земјата, само околу 4.500 се познати. Нов Зеланд исто така има и ендемски китовидец, Хекторовиот делфин. Некои редови и фамилии се целосно ендемски.

Биоразновидноста во Нов Зеланд и луѓето[уреди | уреди извор]

Обичен посум, еден од 33 видови на цицачи донесен од луѓето

Со доаѓањето на луѓето, многу видови во Нов Зеланд изумреле. Ова пред сѐ се должи на фактот што овие видови низ времето еволуирале во отсуство на грабливци-цицачи (луѓе или животни), ситуација позната како еколошка наива, и затоа немаат никаков инстинкт за да се одбранат од ваквите грабливци. Со нивното доаѓање, луѓето донеле разни видови, намерно или случајно, како на пример полинезискиот стаорец, невестулкии, ласици, црни стаорци, норвешки стаорци, обични посуми, подивени мачки и кучиња, како и разни тревопасни животни како елен и тар (вид хималајска планиска коза), кои, се разбира, вршат влијание врз растителноста.

Првите Маори пристигнале во Нов Зеланд околу 1300 г., но има индикации и дека некои полинезиски авантуристи стигнале на оваа територија порано, бидејќи има докази дека Полинезиските стаорци надошле во 500 г.[4] Со доаѓањето на авантурисите дошол и првиот бран на истребување на видови, во нивниот случај само беспомошни птици во гнездата. Со доаѓањето на Маорите почнал и втор бран на истребување кој бил последица од ловот (за прехрана) на поголеми видови, како моата, теслоклунестата птица и неколку видови на големи патки. Џиновските орли изумреле заради недостаток на извори на храна (моата). Третиот бран на истребување почнал со доаѓањето на европските доселеници, кои со себе донеле бројни видови на цицачи, особено домашните мачки кои се големи грабливци и со тоа иницирале голема модификација на природната околина. Се смета дека 50% од сите видови на птици кои некогаш постоеле во Нов Зеланд се денес истребени, заедно со разни видови на жаби и слатководни риби, скинки и гекони.

Сребрената белоочка е една од неколкуте видови на птици кои сами се доселиле во Нов Зеланд по доаѓањето на луѓето.

Интересен феномен претставува доселувањето на некои видови од Австралија независно од луѓето.

Денес новозеландските видови се едни од најзагрозените во светот. Новозеландската влада, преку Службата за заштита на природата, работи со полна пареа за да ги заштити остатоците од природната околина со разни методи на пропагирање, преместување на птици и други животни во резервати и слично.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Trevor H. Worthy, Alan J. D. Tennyson, Michael Archer, Anne M. Musser, Suzanne J. Hand, Craig Jones, Barry J. Douglas, James A. McNamara and Robin M. D. Beck, Miocene mammal reveals a Mesozoic ghost lineage on insular New Zealand, southwest Pacific, Edited by James P. Kennett, University of California, Santa Barbara, CA
  2. Trewick, S. A.; Gibb, G. C. (2010). „Vicars, tramps and assembly of the New Zealand avifauna: A review of molecular phylogenetic evidence“. Ibis. 152 (2): 226. doi:10.1111/j.1474-919X.2010.01018.x.
  3. Scofield, R. Paul; Worthy, Trevor H. & Tennyson, Alan J.D. (2010). "A heron (Aves: Ardeidae) from the Early Miocene St Bathans Fauna of southern New Zealand.". In W.E. Boles & T.H. Worthy. Proceedings of the VII International Meeting of the Society of Avian Paleontology and Evolution (PDF). Records of the Australian Museum 62. pp. 89–104.
  4. Janet M. Wilmshurst, Atholl J. Anderson, Thomas F. G. Higham, and Trevor H. Worthy (2008). Dating the late prehistoric dispersal of Polynesians to New Zealand using the commensal Pacific rat, Proceedings of the National Academy of Sciences, 105, 7676–7680.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Worthy, Trevor H., & Holdaway, Richard N. (2002) The Lost World of the Moa, Indiana University Press:Bloomington, ISBN 0-253-34034-9
  • Ericson P, Christidis L, Cooper, A, Irestedt M, Jackson J, Johansson US, Norman JA., A Gondwanan origin of passerine birds supported by DNA sequences of the endemic New Zealand wrens. Proc Biol Sci. 7 февруари 2002;269(1488):235-41.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]