Биолошка бесмртност
Биолошката бесмртност може да се дефинира како недостаток на постојаниот пораст на стапката на смртност во функција на хронолошкото стареење. Клетка или организам кој не старее или во одреден стадиум на животот престанува да старее може да се нарече биолошки бесмртен.
Единствениот познат организам кој се смета за биолошки бесмртен е медузата Туритопсис нутрикула.
Меѓутоа, овој концепт на бесмртноста е предизвикан од новиот „Прирачник за биологијата на стареењето“,[1] бидејќи зголемувањето на стапката на смртност како функција на хронолошката старост може да се занемари кај екстремната старост.
Не постои организам или индивидуална клетка која е бесмртна. Животот на секој организам кој поседува биолошка бесмртност може да биде прекинат ако се изложи на токсична околина, или ако неговите животни функции се сопрат на некој друг начин.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Фусноти [уреди]
- ↑ Masoro, E.J.; Austad S.N. (eds.) (2006). „Handbook of the Biology of Aging“ (Sixth издание). San Diego, CA, USA: Academic Press. ISBN 0-12-088387-2.
