Биоково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Биоково
Biokovo from Tucepi.jpg
Биоково, поглед од Тучепи
Надм. вис. 1,762 м 
Местоположба
Место Далмација, Хрватска
Координати 43°20′ СГШ 17°03′ ИГД / 
Геологија
Тип Варовник
Искачување
Најлесна патека по пат

Биоково е втора планина според големина во Република Хрватска. Планината се наоѓа на брегот на Јадранското Море во Сплитско-далматинската жупанија, над Макарска.

Се простира од влевањето на реката Цетина до реката Неретва. Најголем врв на оваа планина е врвот Свети Јура (Свети Ѓорѓе) кој е висок околу 1762 метри.[1] Тој се наставува на врвовите Сусвид (1.155 м) и Рилиќ (836 м) кои представуваат делови од Биосковскиот венец. На врвот Свети Јура се наоѓа ТВ кула на Свети Јура. До врвот води асфалтен пат.

Планината во главно е гола и кршевита, а пониските страни се покриени со ретки шуми. Дел од планината, односно површина од 196кm², е заштитен парк на природата.[2]

Кога времето е добро од врвот на планината може да се гледа Апенинскиот Полуостров.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]