Биле
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Биле | |
Биле кај Грандер Миле |
|
| Извор | Шлезвиг-Холштајн |
|---|---|
| Устие | Елба 53°32′24″N 10°1′27″E / 53.54°N 10.02417°EКоординати: 53°32′24″N 10°1′27″E / 53.54°N 10.02417°E |
| Земји во сливот | Германија |
| Должина | 65 км |
Реката Биле е мала, бавна пловечка река во Штормарн, Шлезвиг-Холштајн, десна притока на Елба. Нејзиниот извор е близу Линау, северно од шумата Ханхајде. Тече јужно од Тритау, претставувајќи ја границата помеѓу Штормарн и Лауенбург, продолжува јужно од Рајнбек и се влива во реката Елба, близу Билвердер. Многу градби и паркови се наоѓаат долж нејзините речни брегови. Нејзината вкупна должина е 65 километри.
Биле е една од трите реки кои тече низ градот Хамбург, другите две се Елба и Алстер.
[уреди] Притоки
Во горна Биле има широко сливно подрачје со многу потоци и мали водотеци. Главни притоки се Корбек, која се влива во Биле близу Вицхафе и Шварце Ау кај Аумиле, имајќи големи исушени делови од големата шума Заксенвалд.
[уреди] Знаменитости
- Грандер Миле, древна воденица кај Кудеверде, потекнува од 1303
- Замок Рајнбек, замок од 1572
- Замок Бергедорф, замок изграден од дрво и тули
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Биле“ |