Бизмарк (брод)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Германскиот воен брод Бизмарк е најверојатно најпознатиот борбен брод од Втората Светска Војна. Крстен е по германскиот канцелар од XIX век Ото фон Бизмарк. Бизмарковата слава дојде за време на Битката кај Данскиот Проток, во која гордоста на Британската Кралска Морнарица, борбениот брод HMS Hood беше потонат во мај 1941, а наредната немилосрдна потера од Кралската Морнарица заврши со негово потонување само три дена подоцна.

Дизајнот на бродот започнал во раните 1930-ти, како следен чекор на Германскот развој на борбените бродови Deutschland класа крстосувачи и Gneisanau класа борбени бродови. Изградбата на вториот French Dunkerque класата на борбени бродови направи редизајнот да биде потребен, со што носивоста на Бизмарк се зголемила на 42,600 тони, иако официјално нејзината тонажа сѐ уште беше 35,000 тони, за да обезбеди рамноправност со бродовите изградени согласно со ограничувањето на Вашингтонската Морнарска спогодба. Целосно натоварен, Бизмарк и неговата сестра-брод Тирпиц имале можност на пренесување на товар потежок од 50,000 тони. Предложениот прототип на бродот бил со футуристички идеи под тајно име Plan Z, а неговата кобилица била спуштена на Blohm + Voss бродоградилиштето во Хамбург, на 1 јули 1936. Бродот беше пуштен во вода на 14 февруари 1939 година и овластен на 24 август 1940 на чело со капетан Ernst Lindemann.

Овој огромен брод кој сеел страв на почетокот бил предвиден како пљачкосувач на трговски бродови, бил толку широк што му овозможувало голема стабилност во бурните мориња на Северниот Атлантик и имал толкави резерви на гориво предвидени за борбените бродови кои биле наменети за операции во Тихиот Океан. Секако, опремен со осум 15-инчни главни топови наредени во четири куполи, значајна заварена-оклопна заштита и дизајниран за топ брзина не помала од 29 морски милји (дури достигнал импресивни 30,1 морски милји во повеќе обиди во мирните води на Балтикот), Бизмарк бил способен на заземење на било кој друг непријателски брод со барем најмалку исти одредби. Неговиот домет на артилерија лесно можел да десеткува било кој конвој кого ќе го сретнел. Бизмарк навлегувал во широките води на Северниот Атлантик, каде полнел гориво од германските танкери и останувал незабележан од Британските сили, со што Сојузничките конвојски мрежи би биле изложени на опасност со месеци.

Бизмарк испловил на својата прва и единствена мисија, со тајно име Rheinübung, на 18 мај 1941, во придружба со тешкиот крстосувач Prinz Eugen. Мисијата започнала под командата на Адмирал Günther Lütjens, и имала за цел да уништи што е можно повеќе Сојузнички бродови и да ги натера Британците да ги суспендираат конвоите, дури и на кратко, да компензираат за нивните малкубројни подморници во Атлантикот, да ги повлечат Британските морнарски сили од Медитеранот за да можат да го остварат планираниот напад на островот Крит и да му дозволат на Ромел и неговите сили да преминат во Либија.

Околу 5:30 часот наутро во сабота 24 мај, како што германскиот ескадрон го напуштал Данскиот Теснец, хидрофоните на Prinz Eugen забележале присуство на два брода во близина на пристаништето. После 15 минути двете страни биле доволно блиску за визуелен контакт, но германската флота сѐ уште не ја идентификувала непријателската сила. Тоа всушност била Британската морнарица со два свои борбени брода, Hood борбениот крстосувач и новиот Prince of Wales, кој само што бил завршен со изградба. Бил специјално пуштен во вода за да го пресретне Бизмарк, дури кога испловил на него имало работници кои ги завршувале останатите незавршени работи додека бродот се упатувал кон Бизмарк. Крстосувачот Hood бил изграден како брза борбена крстарица, модифицирана со оклоп за да пружи заштита како нормален борбен брод, но сепак нудел релативно слаба кабинска заштита. Во 5:49 капетанот на Prince of Wales наредил да се отвори оган концентриран на водечкиот брод, Prinz Eugen, за кој верувал дека е Бизмарк. За среќа на британците, навреме откриле дека ја имаат погрешната мета. Капетанот ја корегирал својата наредба, но таа не стигнала навреме во оружарата пред првиот оган. Кога капетанот на Бизмарк наредил контра удар на водечкиот британски брод, британските бродови веќе правеле вртечки маневар и испалувале уште неколку рунди оган. Овој вртечки маневар бил направен со цел британските бродови да се доближат до Бизмарк во "имун-зоната", но 8 од 18 артилериски топови на британскиот водечки брод откажале со што артилеријата не била прецизна.

И двата германски бродови отвориле оган на водечкиот британски, Hood, на растојание од 11 милји. Првичниот оган испален од германските бродови бил прецизен, и две минути подоцна 8 инчни гранати од Prinz Eugen го погодиле водечкиот, Hood. Ова предизвикало пожар и екипажот се усмерил кон локализација на пожарот. Меѓутоа и Бизмарк во меѓувреме бил погоден од Prince of Wales, предизвикувајќи одлив на гориво од предните резервоари, на што капетанот наредил топовите на се усмерат кон Prince of Wales, со што основните и помошните топови го имале за цел. По испуканите гранати, најмалку една го погодила Prince of Wales, на далечина од 9 милји. Во овој момент, водечкиот британски брод Hood поради екплозија бил расцепен на две дела, a парчињата дури се разлетале и паѓале на Prince of Wales, кој бил оддалечен половина милја. За три кратки минути целиот британски брод потонал заедно со адмиралот и 1,415 луѓе. Во подоцнежните испитувања докажано е дека најверојатно причината за експлозијата била единечна 15 инчна граната која пенетрирала помеѓу магацините на муниција и предизвикала ланчана експлозија.

Prince of Wales морала да скршне од својата патека за да ги заобиколи остатоците од водечкиот брод, при што бил погоден неколку пати на горниот дел од палубата, каде погинале неколку луѓе. Секако, претходно испратениот оган предизвикал штета кај Бизмарк. Британскиот брод се свртил, целиот горел, и се вдал во бегство. Капетанот Lindemann сакал да продолжи да го брка бродот "за да го докусири", адмиралот одбил бидејќи се плашел во пресретнување на нови бродови од британска страна. Незамисливо, во битка долга 20 минути, Бизмарк, со својата неверојатна сила, потонал еден водечки брод и натерал еден да избега, нешто непознато за Британската Кралска Морнарица, при што следело темелно испитување од Министерот на Воената Морнарица на Британија.

Погрешни информации ги натерале германците да веруваат дека Prince of Wales не е спремна за повторен напад, по што извештаите кои Бизмарк ги давал Prince of Wales ја ословувале како King George V, борбен брод од прва класа, кој бил активен неколку месеци. И покрај славењето на екипажот на Бизмарк, бродот не бил безбеден. Британците ја знаеле неговата позиција, неговиот преден радар не работел (од нападите од претходниот ден), и резервоарите за гориво течеле. За да заштеди гориво бродот морал да плови со брзина не поголема од 20 морски милји, но оставал огромна нафтена линија позади неговата трага. Адмиралот морал да одлучи да се упати кон францускиот брег за поправки, додека Британците продолжиле да го следат, Prinz Eugen добил можност да се оддели од Бизмарк примајќи ја пораката "Добар лов".

Утрото на 27 мај 1941 британските бродови Rodney и King George V се приближале до Бизмарк, испукувајќи неколку рунди оган нешто пред 9 часот. Бизмарк го возратил ударот, меѓутоа оштетениот брод неможел да плови по зададениот курс и прецизно да ги упатува гранатите. Со својата брзина од 7 морски милји бродот бил лесна цел, и набрзо бил погоден повеќе пати. Кон нападот против Бизмарк се придружиле и тешките бродови Norfolk и Dorsetshire. Во следниот половина час Бизмарковите топови воопшто не биле активни, а дури и бродот малку се навалил во водата. Бродот Rodney се приближал најблиску до Бизмарк (околу 3 километри) за да ја погоди суперструктурата на бродот, а King George V пукал оддалеку. Британците никако не сакале да го остават Бизмарк иако бродот бил скоро уништен и неможел да стигне до најблиското пристаниште за поправка. Нешто подоцна, кога британските бродови биле при крај со муниција и гориво, биле испратени дома. Иако целиот горен дел на бродот бил уништен, неговите мотори сѐ уште биле функционални, а трупот прилично здрав. За да не ризикува, капетанот издал наредба да го напушти бродот, за да не бидат фатени и затворени. Повеќето од екипажот скокнале во водата, но само неколкумина од најниските моторни делови излегле живи.

Бизмарк потонал во 10:39 тоа утро. Несвесни за судбината на Бизмарк, германската командна база, Group West, продолжила да испраќа сигнали до Бизмарк во наредните неколку часа, сè додека Reuters не објавила вести од Британија дека бродот е потонат. Британските бродови Dorsetshire и Maori успеале да спасат околу 110 морнари од Бизмарк, но бидејќи добиле аларм за германска подморница во близина, го напуштиле местото оставајќи околу 2,200 луѓе на милоста на водата. Наредното утро била испратена U-74, германска подморница која имала мисија да го спаси Бизмарковиот дневник, и успеала да спаси 5 морнари. Додека се приближувала, хидрофоните слушале звуци на делови кои тонат. По потонувањето на Бизмарк, Адмиралот John Tovey од британската морнарица ја дал следнава изјава: "Бизмарк ја пружи најгалантната борба против невозможни шанси достојни за старите добри времиња на Величенствената Германска Морнарица, и таа потона веејќи го своето знаме."

По сите овие години, бродот Бизмарк достигна скоро митолошки статус. Неговите остатоци беа пронајдени на 8 јуни 1989 од Dr. Robert Ballard, поморски археолог кој е одговорен за наоѓањето на бродот Титаник. Бизмарк лежи на длабочина од околу 4,700 метри, на околу 650 километри далеку од Брест, Франција. Познатиот археолог не ја откривал тајната локација на Бизмарк, плашејќи се од судбината на Титаник, најобични крадци на гробови да ги опустошат остатоците собирајќи ги како сувенири. Подоцна, во правењето на документарна емисија за Бизмарк на British Channel 4 е откриена локацијата и обезбедени повеќе слики и снимки од местото каде Бизмарк потонал.

Слики[уреди]