Бигорски Манастир
| Бигорски манастир | |
Поглед на манастирот |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | |
| Координати | 41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459°N 20.608239°EКоординати: 41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459°N 20.608239°E |
| Религија | Православие |
| Округ | Дебар |
| Осветено | 1020 |
| Водство | Дебарско-кичевска епархија |
| Мреж. место | http://bigorski.mk/ |
| Архитектонски опис | |
| Завршено | 18 век |
Бигорскиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија[1].
Содржина |
[уреди] Историја
Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во 16 век манастирот бил разрушен од страна на Отоманската власт и од целиот комплекс останал само како малата црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил ѝ првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.
Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.[1]
[уреди] Општи информации
[уреди] Иконостас
Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Тој бил изготвен од страна на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Него го правеле занаетчијските раце на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Заедно со брат му Марко Филипов, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој во периодот од 1829 до 1835 година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.[1]
Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Јован Крстител и Пресвета Богородица.[1]
[уреди] Икона на Јован Крстител
Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во 16 век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот а иконата мистериозно исчезнала за да потоа уште помистериозно се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека лотретата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. [1]
[уреди] Легенда
Според легендата, некој бег од Албанија во текот на 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година тој добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован“. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска месние жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.
[уреди] Манастирски комплекс
Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од 12 век, 13 век и 19 век. Галеријата започнала со икони од првата половина на 17 век, и се проследени со христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.
Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на "Св. Климент Охридски","Св. Наум","Св. Јован Владимир","Св.Св. Кирил и Методиј","Св. цар Борис"и "Св. цар Иван Шишман бугарски".[2] Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската окупација на Македонија 1913-1941 година.[3]
Во манастирот "Свети Јован Бигорски" има остатоци од црквата што потекнува од 16 век, односно од 17 век и 18 век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од 16 век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
[уреди] Занимливости
Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.
[уреди] Пожарот во манастирот
На 30 септември 2009 година, во манастирскиот комплекс избувнал пожар при што целосно изгорел стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.[4]
[уреди] Галерија
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бигорски Манастир“ |
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Манстир Јован Бигорски
- ↑ Иванов, Йордан, „Български старини из Македония“, 1908, 1931 (фототипно изд. С., 1970, .djvu формат), стр.85
- ↑ Терзиев, Светослав, „В Македония по дирите на научното разузнаване“, в. „Сега“, 09.9.2006 г. [1]
- ↑ Извештај од А1: Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски
[уреди] Надворешни врски
- † Бигорски манастир - официјално мрежно место
- Манастир „Свети Јован - Бигорски“
- Свети Јован Бигорски, видео