Библиотека „Страшо Пинџур“ - Неготино

Координати: 41°29′2″N 22°05′21″E / 41.48389° СГШ; 22.08917° ИГД / 41.48389; 22.08917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Библиотека „Страшо Пинџур“
Библиотеката „Страшо Пинџур“ во Неготино
Карта
ЗемјаМакедонија
Типградска библиотека
Основана1945
МестоНеготино
Координати41°29′2″N 22°05′21″E / 41.48389° СГШ; 22.08917° ИГД / 41.48389; 22.08917
Фонд
Збирка накниги, списанија, весници, електронски архиви
Обем70.000 публикации
Критериуми застручна литература, лектири, белетристика, документарни, енциклопедиски книги
Пристап и употреба
Опслужува1100 членови
Службена страницаwww.negotino.gov.mk
Карта


Библиотека „Страшо Пинџур“ - Неготинобиблиотека во градот Неготино. Основана е во 1945 година и денес располага со библиотечен фонд од 70.000 изданија и депониран фонд од 2.000 изданија. Библиотечниот фонд содржи стручна литература, лектири, белетристика, документарна и енциклопедиска литература. Покрај основната дејност, библиотеката спроведува проекти и организира настани, како што се промоции на книги, изложби, литературни натпревари, културни настани и активности за поттик и развој на креативноста, уметноста, филантропијата и екологијата. Активностите на библиотеката се извршуваат преку стручна и административно-помошна служба.

Библиотеката е именувана во чест на македонскиот народен херој и учесник во НОБ Страшо Пинџур.

Историја[уреди | уреди извор]

Библиотеката е основана во 1945 година и сè до 1953 година дејствувала како самостојна градска библиотека. Во 1953 година, дејноста на библиотеката влегла во склоп на Работничкиот универзитет, а во 1969 година установата се стекнала со статус на самостојна организација за вршење на библиотечна дејност.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°29′2″N 22°05′21″E / 41.48389° СГШ; 22.08917° ИГД / 41.48389; 22.08917