Бејлербејски дворец

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бејлербејски дворец
Beylerbeyi Sarayı
Bosfor B17-35.jpg
Бејлербејскиот дворец од Босфорот
Податоци
Место Истанбул
Земја Турција
Архитект Агоп Балјан, Саркис Балјан
Клиент Абдул Азис
Изградбата започнала 1829-1832
Стил Османлиска, Барок
Внатрешноста на палатата
Собата на султанот

Бејлербејскиот дворец (турски: Beylerbeyi Sarayı) е кралска резиденција кој се наоѓа во Истанбул, Турција, северно од Босфорскиот мост на азиската страна од градот. Овој објект бил изграден во времето на султан Абдул Азис (1830-1876) во периодот од 1861 до 1865 година. Негов архитект е Саркис Балјан.

Историја[уреди]

Оваа палата започнала да се гради во времето на отоманскиот султан Абдул Азис и била изградена како летна резиденција на султанот и како место каде биле пречекувани шефовите на земјите кои пристугнувале во посета на империјата. Дворецот е изграден во необароков стил. За главни архитекти при изградба на дворецот биле избрани браќата Балјан. За изградба на дворецот биле вклучени над 5.000 работници. Неговата градба била довршена за четири години.

Кралицата на Франција, Евгенија при нејзиното патување кон Египет, кога во 1869 година бил официјално пуштен во употреба Суецкиот канал. Според некои тврдења, Евгенија била удрена по лицето од страсна на мајката на султанот бидејќи имала дрскост за да влезе во дворецот, држајќи го султанот под рака. Сепак, француската кралица била толку фасцинирана од истанбулскиот дворец што нарачала да се направат прозорците исти во нејзината палата во Франција како на Бејлербејскиот дворец.

Во почетокот на 20 век, овој раскошен дворец станал затвор за еден од отоманските владетели. Султанот Абдул Хамид II ги поминал последните шест години во домашен притвор, од 1912 година, до неговата смрт во 1918 година.

Денеска, дворецот претставува една од најголемите туристички атракции на градот. Дворецот е отворен секој ден со исклучок на понеделник и четврток. Таксата за влез во дворецот е околу 10 турски лири. Работното време е од 09:30 до 16:00 часот.

Опис[уреди]

Објектот иа квадратна форма. Фасадата на зградата гледа кон Босфорот. Во дворецот има шест големи сали, по три на секој спрат и 24 соби. Секоја од нив има раскошен мебел, чешки кристални лустери, кинески вазни. Подовите се покриени со црвени египетски теписи. Палатата е поделен условно на два дела. Во едниот живееле само мажи и овој дел се нарекувал селамлик, а другиот дел бил харемот каде биле сместувани само претставнички на понежниот пол. двата дела од дворецот имаат два различни влезови за пристап. Салите и собите на жените се со скромна декорација.

Меѓу големите атракции на на дворецот се фонтаните и базените. Османлиите сметале дека преку нив атмосферата во дворците се освежува на неповторлив начин. Дворецот исто така импресионира со својот раскош и изобилство од убави растенија. Цветните балкони се на повеќе нивоа и достигнуваат надморска височина од 35 метри. Во огромната градина има базени, сценско патче и места за одмор. Таму се наоѓаат коморите, каде некогаш султанот сакал да го пие своето кафе или чај.

Литература[уреди]

  • Хакан Гулшун. Бејлербејски дворец. TBMM. Истанбул, 1993.

Надворешни врски[уреди]