Бернсбах
| Бернсбах | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Хемниц |
| Округ | Ерцгебиргскрајс |
| Локални единици | 2 |
| Градоначалник | Франк Панхаус |
| Основни податоци | |
| Површина | 9 km2 (3.5 sq mi) |
| Надм. височина | 394-728 m |
| Население | 4.562 (31 декември 2006) |
| - Густина | 507 /km2 (1.313 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | ERZ |
| Пошт. бр. | 08315 |
| Повик. бр. | 03774, 03771 |
| Местоположбата на Бернсбах во рамките на округот Ерцгебиргскрајс | |
Бернсбах е општина во округот Ерцгебиргскрајс, во Саксонија, Германија, која заедно со нејзиниот составен дел Оберпфаненштил има околу 4.700 жители.
Содржина |
[уреди] Географија
Општината се протега од долината на реката Шварцвасер до Шпигелвалд (шума) на 728 метри надморска височина, така нудејќи добар поглед над градовите во Рудните Планини, Ауе и Шварценберг. Така го добил прекарот Balkon des Erzgebirges („Балкон на Рудните Планини“).
[уреди] Историја
Се верува дека Бернсбах е основан околу 1200 од франкиските доселеници. Првпат бил споменат во документите во 1240, под името Wernhardispach. Околу 1460, бил именуван во терминската книга составена од Францисканците од Цвикау како Pernsbach. Во ова време, Бернсбах припаѓал на опатијата Гринхајн, по чие распуштање во 1536 преминал во Амт Гринхајн. Во 1874, општината била назначена како Амт, а од 1950 припаѓа на округот Ауе.
Од 1679 до 1681, била изградена црква во средината на општината, така одделувајќи го Бернсбах од соседната општина Бајерфелд, на чија парохија припаѓал дотогаш.
Во текот на рударските денови биле ископувани железо, сребро и сулфур. Рудите биле преработувани од топилницата. Околу 1538, се населиле рудари и топилничари, така носејќи ја нивната вештина за ракување со метал и менувајќи ја структурата на некогашната чисто земјоделска структура.
Понатаму во 17-от век, градот доживеал голем пораст во трговијата. Во годините околу 1800, во Бернсбах започнале печатење на службените поштенски марки и грбовите. Со доаѓањето на железничката линија од Цвениц до Шајбенберг во 1900, со што настанал и пораст на жителите.
Во 1987, општината ја прославила 750-годишнината, заснована на спомнувањето во 1237.
[уреди] Население
Следниве бројки се однесуваат за состојбата на 31 декември во дадената година.
|
1982 to 1988
|
1989 to 1995
|
1996 to 2002
|
2003 to 2006
|
- Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
[уреди] Партнертсво
[уреди] Клубови
- SV Saxonia Bernsbach
- TV 1864 Bernsbach (гимнастички клуб)
- Bernsbacher Musikanten e. V.
[уреди] Познати луѓе
- Карл Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија
- Зигфрид Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија
- Армин Хертел, прв бискуп на Обединетата методистичка црква во Источна Германија од 1970 до 1986.
[уреди] Надворешни врски
|
|||||||