Бернам Торп
| Бернам Торп | |
| Burnham Thorpe | |
Црквата на Сите Светители во Бернам Торп |
|
|
|
|
| Површина | 956 km2 (369 sq mi) |
|---|---|
| Население | 168 |
| - Густина | 18 /km2 (47 /sq mi) |
| Мреж. реф. | |
| Округ | Кингс Лин и Западен Норфолк |
| Ширска грофовија | Норфолк |
| Регион | |
| Земја | Англија |
| Суверена држава | Обединето Кралство |
| Пошт. град | KING'S LYNN |
| Поштенска област | PE31 |
| Повикувачки број | 01328 |
| Полиција | |
| Пожарна | |
| Итна помош | |
| ЕУ парламент | |
| Брит. парламент | Северозападен Норфолк |
| Список на места: ОК • Англија • | |
Бернам Торп (англ. Burnham Thorpe) е селце во околијата крај реката Берн близу крајбрежјето на Норфолк во Англија. Познато е како родно место на прочуениот вицеадмирал Хорацио Нелсон, победник во битката кај Трафалгар, и еден од најголемите британски херои. Татко му Едмунд Нелсон служел како ректор (парох) на црквата во Бернам Торп. [1]
Родната куќа на Нелсон била урната по смртта на татко му, а на нејзино место била изградена парохијата (ректоријата). Овој објект стои и денес, заедно со црквата кадешто служел татко му. Местото кајшто стоела поранешната ректорија е обележано со табла.[2]
Главната крчма во селото е изградена во 1637 г. и се нарекувала The Plough („Плуг“) сè до 1798 г. кога е преименувана во The Lord Nelson („Лордот Нелсон“) во чест на неговата победа во битката кај Абукир (битката кај Нил). Пред да отплови, тука Нелсон одржил гозба за селаните. Крчмата постои и ден денес.[3]
Познати личности [уреди]
- Хорацио Нелсон
- Миранда Рејзон, глумица
- Соли Цукерман, научник и чиновник
Наводи [уреди]
- ↑ Црква „Сите Светители“ - Бернам Торп (англиски)
- ↑ „Бернам Торп“. norfolkcoast.co.uk. http://norfolkcoast.co.uk/location_norfolk/vp_burnhamthorpe.htm. (англиски)
- ↑ „„Лордот Нелсон“ во Бернам Торп“. http://www.nelsonslocal.co.uk/. (англиски)
