Бергамот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бергамот
(Citrus bergamia)
Научна класификација
Царство: Растенија
(нерангирано): Скриеносеменици
(нерангирано): Евдикоти
(нерангирано): Розиди
Ред: Сапуновидни
Фамилија: Седевчоцветни
Род: Цитрус
Вид: Бергамот
Биномен назив
Citrus bergamia
(Risso) Wright & Arn. [1]


Бергамот или бергамот-портокал (Citrus aurantium subsp. bergamia) е мал агрум со приближно крушест облик. Ова овошје за прв пат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут[се бара извор]. Расте на мали дрва со исто име.

Овошјето главно се одгледува на јонскиот крајбрежен регион во покраината Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовни и алувијални наслаги.

Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива есенцијално масло кое се користи во Ерл Греј чајот, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век.

Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко.

Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.

Маслото има некои негативни ефекти како осетливост на светлина (заради хемикалијата бергаптен) и спречување на желудечна апсорпција на калииум во организмот. [2], [3]

[уреди] Наводи

  1. Citrus bergamia - Risso
  2. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=20522 (англиски)
  3. http://www.pdrhealth.com/drug_info/nmdrugprofiles/herbaldrugs/100225.shtml (англиски)

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици