Бен Хур (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бен Хур
ПотеклоПрилеп, Македонија
ЖанровиРок, Рокенрол
Период на активност1993–денес
Членови
Игор Јагуриноски (вокал)
Борче Шабаноски (гитара)
Душко Темелкоски (бас-гитара)

Бен Хур е македонска рок и рокенрол музичка група од Прилеп. Првите настапи ги прават во почетокот на деведесеттите години на XX век, кога често се појавуваат со своите песни на музичкото шоу „Хит на месецот“ на МТВ. Членови на групата се Душко Темелкоски - Дуле, археолог и кустос во прилепскиот музеј и Борче Шабаноски - Шабанче, гитарист во култната Ристо Бомбата и Кучешка Тенија. Други членови се Тоде Илиоски (свирач на гитара и бас гитара од Прилеп) и Димче Џагадуроски исто така свирач од Прилеп. Во средината на деведесеттите успеваат да го издадат албумот „Секс, пиво и рокенрол“[1]. Во 2003 година го прават својот последен видео - спот за песната „Се ми е сеедно“ со новиот пејач Игор Јагуриноски.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • [1] - Официјалниот спот за песната „Се ми е сеедно“ на You Tube

Наводи[уреди | уреди извор]