Бенц (Узедом)

Координати: 53°56′N 14°04′E / 53.933° СГШ; 14.067° ИГД / 53.933; 14.067
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бенц
Ветерница Бенц, со црквата и Шмоленското Езеро во позадина
Ветерница Бенц, со црквата и Шмоленското Езеро во позадина
Ветерница Бенц, со црквата и Шмоленското Езеро во позадина
Грб на Бенц
Бенц (Узедом) во рамките на Германија
Бенц (Узедом)
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Југ
Месни единици 6
Градоначалник Карл-Хајнд Шредер
Основни податоци
Површина 24,50 км2
Надм. височина 34 м
Население 1.118 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 46 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17429
Повик. бр. 038379
Портал www.gemeinde-benz.de
Местоположба на Бенц во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 53°56′N 14°04′E / 53.933° СГШ; 14.067° ИГД / 53.933; 14.067

Бенц (германски: Benz; полски: Benice[2]) — општина на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Областа на општината била населена уште од камено доба, додека првото споменување на селото потекнува од 1229 и низ годините, неколкупати ја променило сопственост, вклучувајќи ги Шведска и Прусија.

Било познато место за посетители, поради нејзината сликовита местоположба помеѓу ридови и езера, сликовитата ветерница, старата црква Св. Петар и гробови на познати луѓе, како германскиот сликар Ото Нимајер-Холштајн. Ветерницата, Ерхолердермиле, која била во употреба до втората половина на XX век е отворена за јавноста. Делови од црквите потекнуваат од XV век.

Низа на слики и графики од Лионел Фејнингер го носат името Бенц. Создал многу графики и слики на места во Бенц. Прошетката низ градот ги води посетителите на тие места. Патеката е обележана со плочи во земјата, дозволувајќи и самоводење. Фејнингер продолжил да го употребува местото за работа до неговата смрт, и покрај тоа што се вратил да живее во САД.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. Mapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947

Надворешни врски[уреди | уреди извор]