Бентли Церемонијална лимузина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бентли Церемонијална лимузина
Bentley State Limousine
Бентли Церемонијалната лимузина
Произведувач: Бентли/Мулинер
Производство: 2002
само 2 возила
Меѓуосовинско растојание: 1778 mm
Должина: 3911.6 mm
Висина: 6324.6 mm

Бентли Церемонијална лимузина (англиски: Bentley State Limousine) е автомобил направен од Бентли за кралицата Елизабета II по повод нејзиниот златен јубилеј во 2002.

Автомобилот има двоен турбо мотор со работна зафатнина од 6,75 литра и 8 цилиндри. Ова е модифицирана верзија на моделот Арнаж верзија R со јачина од 400 кс и момент на сила од 69,6 Nm. Максималната брзина е ограничена на 210 km/h.

Бентли Церемонијалната лимнузина е за 0,91 m (3 стапки) подолга од стандардниот Бентли Арнаж, повисока за 25,4 см (10 инчи) и поширока за 15,24 (6 инча). Опремена е со широки т.н. „самоубиствени врати“ чии шарки се одзади и се отвораат речиси 90 степени.

Автомобилот е блиндиран, има протвмински под, стакло кое издржува базука и кабина која се запечатува против напад со гас. Овие безбедносни мерки му даваат на автомобилот тежина од 4000 kg, и тој се движи на зарамнети гуми.

Направени сае само два примерока од овој автомобил - и двата за кралицата и со тоа е уште поредок од легендарниот Ролс-Ројс Фантом IV, со само 18 примерока, ексклузивно само за кралски семејства и шефови на држави.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици