Белобрада рибарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белобрада рибарка
Возрасни
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Рибарки
Род: Chlidonias
Вид: Белобрада рибарка
Научен назив
Chlidonias hybrida
(Pallas, 1811)
Подвидови
  • C. h. hybridus
    (евроазиска белобрада рибарка)
  • C. h. delalandii
    (африканска белобрада рибарка)
  • C. h. javanicus
    (австралиска белобрада рибарка)

Белобрадата рибарка (науч. Chlidonias hybrida) е морска птица од семејството на рибарките која се среќава и во Македонија. Овој вид има многу географски раси кои се разликуваат по големината и незначително во деталите на перјето. C. h. hybrida се размножува во потоплите делови на Европа и Азија. Со помалиот клун и потемната C. h. delalandii ја има во источна и јужна Африка, а посветлата C. h. javanicus од Јава до Австралија.

Птиците што живеат во тропските краишта се постојани жители, но оние од Европа и Азија се птици преселници кои презимуваат во Африка или Индија. Овој вид се размножува во колонии во копното, крај бари, понекогаш во близина на езерските галеби кои им обезбедуваат заштита.

Опис[уреди | уреди извор]

Во Индија, со мала памучна гуска
Chlidonias hybrida hybrida
Во Индија

Големината, црната капа, силниот клун (29-34 мм кај мажјаците и 25-27 мм и понабиен кај женките), кратката чаталеста опашка и темносивото перје и одозгора и одоздола во сезоната на парење се одликите на оваа рибарка. Возрасните, летно време имаат бели образи и црвени нозе и клун. Кај младенчињата круната е прошарана со бело, како и кај возрасните преку зима. Црното над ушите се спојува со задниот дел од капата, а просторот одозгора е прошаран со бело, па се добива впечаток дека црното има форма на С. Страните на вратот се бели, а понекогаш се протегаат до тилот. Под опашката се светлосиви. Кај младенчињата нијансите на мантијата варираат. Грбот и слабините се темнокафеави, со кремави завршетоци. Наесен често се појавуваат нови сиви пердуви, особено на мантијата и тогаш перјето на возрасните станува сребреносиво. Зимно време, челото им станува бело. Повикот на оваа птица е карактеристично крикк. Белобрадата рибарка се храни со мали риби, инсекти, водоземци и ракчиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Chlidonias hybrida. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]