Белиц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белиц
Грб на Белиц
Белиц се наоѓа во Германија
Белиц
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Градски единици 12
Градоначалник Бернхард Кнут (BBB)
Основни податоци
Површина 180,08 км2
Надм. височина 40 м
Население 11.684 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 65 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14547
Повик. бр. 033204
Портал www.beelitz.de
Местоположбата на градот Белиц во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Координати 52°14′00″ СГШ 12°58′00″ ИГД / 

Белиц (германски: Beelitz) е град во округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Географија[уреди]

Белиц се наоѓа 18 километри јужно од Потсдам и е опкружен од пространите борови шуми на Природниот парк Нуте-Ниплиц.

Сместен на стариот трговски пат од Берлин до Лајпциг, денес сојузниот автопат Б2, а исто така има пристап и до автопатот А9 преку два излези. Железничкиот сообраќај до Потсдам и Берлин е овозможен преку две железнички станици.

Историја[уреди]

Декрет од 997 на царот Отон Трети споменува населба со словенско име Белизи, иако ова име може да го означува и соседниот град Белциг.

Црква Св. Богородица и Св. Никола

Парохиската црква Св. Богородица и Св. Никола била прв пат спомената во извештај од 1247 за крватата хостија, која го направила Белиц средновековно место на аџилак. Од 1370 хостијата била чувана во мала капела до црквата.[2][3] Причината за поранешното име на Јиденберг (преименувано во Фриденсберг по 1945) не е потврдена, но се претпоставува дека тоа било место каде се палеле Евреи.[4]

Во 1731, кралот Фридрих Вилхелм Први создал гарнизон во Белиц и дури и денес градот е дом на команда на Бундесверот.

Селото Канин, градска единица на Белиц од 2001, било енклава на Изборното кнежество Саксонија до 1815 и поради тоа познато место за криумчарење, како и одредиште за десертери од пруската армија. Црквата била започната во 1138 и денес е најстарата зачувана црква во рамки на Бранденбург.

Во 1928 телефонска компанија изградила радиостаница во селото Шенефелд за безжична комуникација со Северна Америка. Заедно со предавателот во Науен биле преземени од Кралската пошта во 1932. По Втората светска војна станицата била користена од поштата на ГДР, додека не била исклучена во 1991.

Белиц-Хајлштетен[уреди]

Белиц-Хајлштетен: ходник, сликано во 2005

Белиц-Хајлштетен, единица во градот, е дом на голем клинички комплекс од околу 60 згради, вклучувајќи когенеративна централа изградена во 1898 според плановите на архитектот Хајно Шмиден. Првично изграден како санаториум, комплексот од почетокот на Првата светска војна бил воена болница на Германската царска армија. Во текот на октомври и ноември 1916, Адолф Хитлер бил лечен во Белиц-Хајлштетен откако бил ранет во ногата во Битката на Сома.

Во 1945, Белиц-Хајлштетен бил окупиран од Црвената армија и комплексот останал советска воена болница до 1995. Во декември 1990 Ерих Хонекер бил примен во Белиц-Хајлштетен откако бил приморен да даде оставка како претседател на владата на Источна Германија.

По советското повлекување биле направени обиди да се приватизира целиот комплекс, но не биле целосно успешни. Некои делови на болницата останале во употреба како невролошки центар и како центар за истражување и нега на жртвите од Паркинсонова болест. Остатокот од комплексот, вклучувајќи ги операциските сали, психијатрискиот оддел и стрелиштето биле напуштени во 2000. До 2007, ниедна од напуштените болнички згради или околината не биле обезбедувани, со што областа дава чувство на град на духови. Ова го направило Белиц-Хајлштетен одредиште за љубопитни посетители и филмски сет за филмови како Пијанист во 2002, музички спот на Rammstein[5] Mein Herz brennt и Валкира во 2008.

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Белиц е збратимен со:

Наводи[уреди]

  1. „Bevölkerung im Land Brandenburg nach amtsfreien Gemeinden, Ämtern und Gemeinden 31. Dezember 2012 (XLS-Datei; 83 KB) (Einwohnerzahlen auf Grundlage des Zensus 2011)“] (на германски). „Статистичка служба за Берлин и Бранденбург“. 31 декември 2011. https://www.statistik-berlin-brandenburg.de/Publikationen/OTab/2013/OT_A01-12-00_124_201212_BB.xls. 
  2. Das Wunderblut von Beelitz p12 Dieter Hoffmann-Axthelm - 2009 "... ab dem ein solches Wunder möglich war und für Beelitz wahrscheinlich zu machen ist. Bis heute wird in jeder katholischen Kirche die im verschlossenen Gefäß auf dem Altar anwesende Hostie als Allerheiligstes, sanctissimum, verehrt, ..."
  3. Der gelbe Fleck Rosemarie Schuder, Rudolf Hirsch - 1988 "Beelitz In den deutschsprachigen Gebieten war es das Städtchen Beelitz bei Berlin, in dem ein Wunder geschehen mußte. Um 1247 begann dort in der Kirche eine Hostie zu bluten. Die Stadt war eine Gründung deutscher Kaufleute, ...In unzähligen Schriften über das Wunderblut von Beelitz wurde nun der Frevel den Juden zugeschrieben. Der Hügel, den die Beelitzer den Judenberg nannten, heißt seit dem Ende des zweiten Weltkriegs Friedensberg. "
  4. Germania judaica: Von 1238 bis zur Mitte des 14. Jahrhunderts Zvi Avneri, Marcus Brann, Ismar Elbogen - 1968 "erschrockenen Juden gaben die Hostie der Magd zurück und bestachen sie, damit sie schweige und die Hostie unter dem Dach ihrer ... Ob der bei Beelitz vor dem Mühlentor gelegene „Judenberg" seinen Namen von einer Judenverbrennung hat, für die sonst keine Nachrichten vorhanden sind, läßt sich nicht sagen, zumal auch andere Erklärungen gegeben werden, die mit Juden ..."
  5. http://www.rammstein.de/en/news/single-vo-video-premiere-mein-herz-brennt/

Надворешни врски[уреди]