Безобразност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Безобразноста е дел од моралот. Тој е релативна и променлива категорија на фрази, акции и постапки кои се општествено неприфатливи, и тоа на високо ниво на неприфатливост. Најчесто безобразноста се констатира од страната на едно или повеќе лица, како некое дејствие (кажан збор, сторена работа) кое било сторено од страна на друго лице или лица, а кое дејствие е неприфатливо за констатирачите на сторениот безобразлук.

Употребата како придавка е (неколку примери):

  • „Ти си безобразен“ - кога е насочено кон одреден сторител на одредено или неодредено неприфатливо дејствие;
  • „Ова е безобразност“ - кога е насочено кон неодреден сторител на конкретно неприфатливо дејствие;

Безобразноста е променлива и релативна подгрупа на моралните норми. Тој е релативен, бидејќи кај различните општествени групи (малцинства, нации) постои различен вид на дејствија кои спаѓаат во категоријата „безобразност“.

Тој е променлив бидејќи поради промената на општествената структура со текот на времето, се менуваат и моралните норми на општеството, а со нив и безобразноста.

Пример за релативноста:

  • Во Иран и повеќето други муслимански земји е безобразно да се говори за голотија и секс, а во западниот свет не е таков случај (или не се смета за безобразно, туку само за некултурно).

Пример за променливоста: