Безмијалем султан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Безмијалем султан

Гробот на Безмијалем султан
Роден(а) Suzi
1807
Кавказ, Отоманска империја
Починал(а) 2 мај, 1853 (на 45–46 г.)
Долмабахче, Константинопол,
Почивалиште Гробот на Махмуд II
Живеалиште Долмабахче
Народност Грузија
Познат(а) по Валиде султан
Вера јудаизам, подоцна ислам
Сопружник Махмуд II
Деца Абдул Меџит I
Родители Леон[1]

Безмијалем султан (1807 - 2 мај 1853) била сопруга на османлискиот султан Махмуд II и Валиде султан на нејзиниот син Абдул Меџит I.

Според некои извори таа имала руско потекло и била еврејка а роденото име и било Сузи а нејзниот татко се викал Леон.[1]. Според други пак таа имала грузиско потекло[2][3][4].

Во времето кога нејзиниот син станал султан таа ја зазела позицијата Валиде султан и тоа во периодот од 1839 до 1851 година. Во текот на нејзиното владеење таа имала политичко влијание и често нејзиниот син и неговите министри ја консултирале за државните работи.

Таа е позната по своето покровителство и изградба на неколку објекти како на пример летната палата во Јилдиз и џамијата Долмабахче.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Ali Kemal Meram, "Padişah anaları", 1977 p. 399 (турски)
  2. Bezmi Alem Valide Sultan, Gürcistan Dostluk Derneği
  3. Bezmiâlem Valide Sultan, Bezmiâlem Vakıf Üniversitesi Tıp Fakültesi Hastanesi
  4. The Private World of Ottoman Women by Godfrey Goodwin, 2007, p.157