Бањанска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бањанска Река
Крива Река
Поглед на горното течение на Бањанска Река, над манастирот „Св. Илија“
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоСкопска Црна Гора
Устие 
 • место
Лепенец, кај селото Волково
Должинаоколу 15 км
Особености на сливот

Бањанска Река (некаде позната и како Крива Река[1]) — река во Македонија, лева притока на реката Лепенец.

Тек[уреди | уреди извор]

Нејзината должина изнесува околу 15 километри. Извира високо на падините на Скопска Црна Гора и протекува во правец од север кон југ, низ стрмна долина (кањон) со високи засечени падини и карпи во близината на средновековниот манастир „Свети Илија“ сѐ до селото Бањани. Од селото Бањани продолжува да тече низ пространата зарамнета висорамнина во Скопската Котлина сѐ до под селото Бразда, каде се составува со Кучевишка Река, од каде што го завртуваат својот правец на течење кон запад и југозапад сѐ до вливот во реката Лепенец, наспроти селото Волково.

Воден потенцијал[уреди | уреди извор]

Реката се одликува со чиста и бистра вода и висок водостој посебно во рана пролет. Во горниот тек на реката во стрмната долина над манастирот Св. Илија на Скопска Црна Гора, моментално активно се работи на изградбата на брана со минихидро централа која со електрична струја, вода за пиење и вода за наводнување на обработливото земјиште ќе го снабдува селото Бањани и неговата околина.[2]

Рибник[уреди | уреди извор]

Кај селото Бањани на водите на реката постои и рибник, а од рибниот и животински свет се застапени кркушките, бојникот, карашот и речниот рак. Ливадите на двата брега на реката во околината на манастирот Св. Илија се често посетувани од излетници и туристи во текот на целата година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София, 1896. стр.140
  2. „Мини акумулација на Бањанска река за водоснабдување и наводнување - „Вест" (14.2.2001)“. Архивирано од изворникот на 2014-04-29. Посетено на 2013-03-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]