Бајракли џамија (Самоков)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајракли џамија
Байракли джамия
Bayraklı Camii
Основни податоци
МестоСамоков, Бугарија
Припадностислам
Осветен19 век
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија музеј
Завршен1966
Особености
Минариња1

Бајракли џамија е џамија која се наоѓа во Самоков, Бугарија.

Самата џамија била изградена во текот на 19 век[1], а за последен пат била реконструирана во периодот од 1960 до 1966 година, кога и објектот бил претворен во музеј. Џамијата се состои од едно минаре кое е во облик на спирала.

Денеска, објектот претставува споменик на културата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Самоков, Байракли джамия / Samokov, Bairakli Mosque“ (бугарски). narod.ru. Посетено на 31 August 2012.
Бајракли џамија од напред