Бајерсброн
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бајерсброн | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Баден-Виртемберг |
| Адм. подрач. | Карлсруе |
| Округ | Фројденштат |
| Градоначалник | Норберт Бек (ХДУ) |
| Основни податоци | |
| Површина | 18.970 km2 (7,320 sq mi) |
| Надм. височина | 584 m (1916 ft) |
| Население | 16.080 (31 декември 2006) |
| - Густина | 85 /km2 (220 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | FDS |
| Пошт. бр. | 72270 |
| Повик. бр. | 07442, 07447, 07449 |
| Мреж. место | www.gemeinde-baiersbronn.de |
Бајерсброн (герм. Baiersbronn) е општина и гратче во округот Фројденштат во покраината Баден-Виртемберг, јужна Германија. Местото се наоѓа во областа Шварцвалд, на реката Мург. Иако е мало, местото е прочуено по неколкуте првокласни ресторани, наградени со Мишленови ѕвездички.
Бајерсброн административно се дели на следниве девет села:
- Бајерсброн
- Фридрихстал
- Хуценбах
- Клостеррајхенбах
- Мителтал
- Обертал
- Рет-Шенегринд
- Шенминцах-Шварценберг
- Тонбах
Во неговиот сегашен облик, Бајерсброн е образуван во 1960-тите и 1970-тите со здружување на пет општини. Главната стопанска гранка во местото е туризмот.
Бајерсброн е збратимен со Мидхерст во Западен Сасекс, Англија. Позначајна знаменитост во регионот е Рајхенбашкиот приорат, средновековно манастирско здание во Клостеррајхенбах.
[уреди] Ресторани
Во 2007 ресторанот „Барајс“ (Bareiss) на Клаус-Петер Лумп станал вториот угостителски објект во Бајерсброн кој има заработено три Мишленови ѕвездички. Соседниот ресторан „Шварцвалдштубе“ (Schwarzwaldstube) на Харалд Волфарт добил три ѕвездички во 1993 г.
[уреди] Наводи
- Оваа статија содржи информации од Википедија на германски јазик.
| Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||||||||