Барбел Инхелдер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Барбел Инхелдер (германски: Bärbel Inhelder;1913-1997) била швајцарски развоен психолог, најпозната соработничка на Жан Пијаже. Родена е во St. Gall, Швајцарија, a се преселила во Женева во 1932 каде студирала на Женевскиот университет при институтот Жан Жак Русо. Дипломирала во 1935 г., а докторирала 1943 година.

Инхелдер работела на Женевскиот универзитет со до нејзиното пензионирање во 1983 година тесно соработувајќи со Жан Пијаже во неговата експериментална работа околу детскиот развој. Соработката им започнала со нејзината дисертација за детските конзервации и траела скоро 50 години. Имаат издадено многу заеднички трудови меѓу коишто се The Growth of Logical Thinking from Childhood to Adolescence (1958), The Psychology of the Child (1966) и The Child's Conception of Space (1967). Работата на Инхелдер е особено значајна во откривањето на фазата на "формални операции" која се јавува при преминот од детството кон адолесценцијата. Овој тип мислење го опфаќа дедуктивното размислување и способноста да се размислува хипотетички.

Барбел Инхелдер ги има добиено следниве награди:

  • Award of the American Educational Research Association, 1967;
  • Foreign honorary member, American Academy of Arts and Sciences, 1976;
  • Academico di merito, Academia delle scienze di Roma, 1979;
  • Distinguished scientific contributions award, American Society for Research in Child
  • Development, Boston, 1981;
  • Prix Dr. Margrit Egner Stiftung, Zürich, 1989.

Била почесен доктор на науки на повеќе универзитети и тоа: l'Université d'Aix-en-Provence (Франција) 1964, Temple University, Philadelphia (САД) 1971, Smith College, Massachusetts (САД) 1975, l'Université René Descartes, Paris (Франција) 1976,l'Université de Parana, Curitiba (Brésil) 1979, l'Université de Fribourg (Швајцарија) 1981, l'Université du Sacré Coeur, Milan (Италија) 1987, l'Université autonome, Madrid (Шпанија) 1989, l'Université de Coimbra (Португалија) 1992 et l'Université de Neuchâtel (Чвајцарија) 1996.

Барбел Инхелдер починала во 1997 година.

Литература[уреди]

  • Inhelder, Barbel, Denys de Caprona, and Angela Cornu-Wells (eds.). 1987. Piaget Today. Psychology Press. ISBN 0863770479
  • Inhelder, Barbel, and Jean Piaget. 1959. The Growth of Logical Thinking From Childhood to Adolescence. Basic Books.
  • Piaget, Jean, and Barbel Inhelder. 1948 (First English translation 1957). The Child's Conception of Space. W. W. Norton & Company, 1967. ISBN 0393004082
  • Piaget, Jean, and Barbel Inhelder. 1966. The Psychology of the Child. 2nd English Edition 2000. Basic Books. ISBN 0465095003
  • Piaget, Jean, and Barbel Inhelder. 1976. The Origin of the Idea of Chance in Children. W. W. Norton and Company, Inc. ISBN 978-0393008036
  • Tryphon, A. 2001. Working with Piaget: Essays in Honour of Barbel Inhelder. Psychology Press. ISBN 0863776213

Надворешни линкови[уреди]