Барбарски леопард
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Барбарски леопард | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Felidae |
| Род: | Panthera |
| Вид: | P. pardus |
| Подвид: | P. p. panthera |
| Триномен назив | |
| Panthera pardus panthera (Schreber, 1777) |
|
Барбарскиот леопард (Panthera pardus panthera) кој ги населува Атласките планини, е доста сличен со африканскиот леопард. Овој подвид е покус и понабиен од типичниот Panthera pardus, со погусто крзно кое е адаптација на снежните услови на планините каде што живее. Како и останатите леопарди и овој е снаодлив ловец и може да убие антилопа која е два пати поголема од него. Се храни и со инсекти и други мали животни, поготово барбарска макака.
Барбарскиот леопард се смета за загрозен подвид, сепак извештаите за бројката во дивината доста варираат. Според различни проценки, бројките варираат од изумрени во дивината со дузина во заробеништво (сепак не е сигурно дека овие индивидуи спаѓаат во овој подвид), па до 250 индивидуи во дивината.
Се смета дека овој подвид бил употребуван од римјаните во гладијаторските борби.
Во 1995 година, истражувачка екипа од Универзитетот во Кембриџ не успеала да докаже присутност на барбарскиот леопард употребувајќи фотографски стапици. Во октомври 2002 година, шпанска експедиција спровела истражувања на Атласките планини со цел да изврши прoценка на видот. Тие не успеале да сликаат ниту една индивидуа, но сепак пронашле траги за кои се верува дека припаѓаат на четири различни индивидуи. Трагите укажале на присуство на женка со две малечки што покажува дека подвидот најверојатно се размножува. Всушност и некои сведоци изјавиле дека виделе млад леопард во близина на поставените фотографски стапици.
Наводи [уреди]
- Cat Specialist Group (1996). Panthera pardus ssp. panthera. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. пров на 11 мај 2006 (англиски) Податоците вклучуваат и кратко објаснување зошто овој подвид е критично загрозен.
| Викивидовите имаат информации поврзани со: „Panthera pardus panthera“ |