Банкетен дом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банкетен дом
Banqueting House
Општи информации
Град Вестминстер, Лондон
Земја Англија
Изградбата започнала 1619
Проектирање и изградба
Архитект Иниго Џонс

Банкетниот дом (англ. Banqueting House) е единствениот преостанат дел од некогашната Вајтхолска палата. Домот се наоѓа недалеку од плоштадот Трафалгар, во Лондон, Англија. Самата градба има значајно место во историјата на англиската архитектура, бидејќи таа била една од првите кои требало да се реконструираат од неокласична во англиска архитектура[1].

Објектот бил изграден во 1619 година, од страна на Иниго Џонс, а завршена во 1622 година. Главниот архитект архитектонски паднал под големо влијание на италијанскиот архитект Андреа Паладио[2]. За изградба на објектот биле издвоени £15.618. Во 1649 година Чарлс I бил погубен токму пред оваа зграда. Самиот дом најверојатно бил планиран да биде дел од големата палата Вајтхол, но со започнувањето на Граѓанската војна во Англија, тоа било оневозможено, главно поради опожарувањето на Вајтхол. Во 1685 г. Банкетниот дом станал првиот објект во Англија што имал стакло на прозорците.


Наводи[уреди]

  1. Иако Краличината куќа во Гринич напати се смета за првото класично здание во Англија, нејзиното довршуивање е одложено сè со 1635, тринаесет години по потворањето на Банкетниот дом. Халидеј, стр. 149
  2. Coppelstone, p 835