Банкет

Од Википедија — слободната енциклопедија
State Banquet.--Serving the Peacock.--Facsimile of a woodcut in an edition of Virgil, folio, published at Lyons in 1517.
A Chinese painting of an outdoor banquet, from the era of the Song Dynasty (960—1279).

Банкет — огромен јавен оброк или гозба, исполнет со исклучиво главни јадења и десерти. Најчесто се приредува по некој повод, како собирање средства за хуманитарни цели, за некоја церемонија или порслава. Банкетите најчесто се придружувани од нечиј говор во чест на некого или во чест на нешто.

Историја на банкетите[уреди | уреди извор]

Банкетите се користени како деловни прослави со илјадници години. Средновековните кралеви често приредувале банкети по повод нечиј роденден или празник. Банкетите биле приредувани со голема гозба и музика. Често кралевите на банкети го повикувале и народото по повод некој празник или манифестација.

Видови банкети[уреди | уреди извор]

Од време на време, спортските асоциации приредуваат спортски банкети за да ги поттикнат играчите или едноставно само за да ги опуштат играчите и тренерите. Понекогаш се приредуваат банкети на крајот на сезоната за да се наградат одредени играчи за нивните успеси низ целата сезона. Покрај спортските банкети се приредуваат и деловни банкети. Деловните банкети најчесто се приредуваат од страна на стопанствениците кога треба да склучат договор со некој партнер. Слични со деловните банкети се и конференциските банкети кои се приредуваат на крајот од некој вид конференција најчесто по академски конференции. На Хаваиите се приредуваат посебен вид на банкети наречени Луау.

Банкетот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]