Банка на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банка на Франција
Една од експозитурите на Банката на Франција
Една од експозитурите на Банката на Франција
Седиште Париз, Франција
Основана 13 февруари 1800
Гувернер Христијан Ноаер
Земја Франција
Страница www.banque-france.fr
Претходник Кралска банка
Наследник Европска централна банка (1999)1
1 Банката на Франција сеуште постои, но голем дел од нејзините функции се превземени од Европска централна банка

Банката на Франција (француски: Banque de France) претставува централна банка на Франција, а истовремено, таа е членка на Европскиот систем на централни банки. Нејзината главна одговорност е да ја имплементира политиката на каматна стапка на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Нејзиното седиште се наоѓа во Париз, Франција.

Историја[уреди]

Во 1800 година, финансиската моќ на Франција била во рацете на десет до петнаесет банки чии основачи во поголемиот број од случаите пристигнале од Швајцарија, во втората половина на 18 век. Овие банкари, сите протестанти, биле длабоко замешани во агитацијата која водела до Француската револуција. Кога револуционерното насилство излегло од контрола, тие биле „оркестарот“ на подемот на Наполеон, кој тие го гледале како човек кој ќе донесе многу промени. Во знак на нивната поддршка, Наполен во 1800 година им овозможил на овие банкари монопол над француските финансии, давајќи им целосна контрола над новата Централна банка на Франција.

Централната банка на Франција била основана на 18 јануари 1800 година, од Наполеон Бонапарта кој бил првиот конзул кој го потпомогнал закрепнувањето на економскиот развој како будење од длабоката рецесија за време на револуционерниот период. Новата задача на банката била да издава банкноти во замена на дисконтни комерцијални записи. Во тоа време, Шведска и Англија веќе имале емисиони банки. Централната банка на Франција, сепак, имала органичена одговорност. „Оригиналната уредба“ од 13 февруари 1800 година го ограничувала делокругот на акција на банката на ниво на Париз и не ја ослободувала од конкуренција на слични установи кои во тоа време постоеле.

Луѓето кои ги утврдиle основните уредби на банката ја научиle тешката лекција од фијаското на банката која била основана од Џон Ло (англиски: John Law) и колапсот на тогашната револуционерната влада. Тие почувствувале дека јавната недоверба кон хартиените пари може да биде само надмината само ако дистрибуцијата на тој вид пари е доверена на институција која ќе биде независна од владата. Централната банка на Франција, поради тоа, била претворена во акционерското друштво, со акционерски капитал од 30 милиони франци. Дел од тие пари бил претплатен од Наполеон Бонапарта и неколку други членови на неговата ложа. Годишните пленарни седници биле отворени за првите двесте најголеми акционери. Тие именувале петнаесет заменици како дел од Генералниот совет чија задача била овозможување и непречено одвивање на сите административни работи на банката, како и тројца членови на надзорниот одбор, кои го надгледувале менаџменотот на банката. Генералниот совет како возврат го избирал Централниот комитет, составен од тројца членови, од кои еден бил претседавач и претседател на Централниот Комитет, Генералниот Совет и Пленарните седници.

Централната банка на Франција започнала со работа на 20 февруари 1800 година, иако целиот нејзин капитал не бил целосно уплатен. На 14 април 1803 година, новата банка го примила своето прво овластување кое го гарантирало нејзиното ексклузивно право да издава хартиени пари во Париз за период од петнаесет години. Централната банка на Франција се соочувала со многу тешкотии во нејзините први години, вклучувајќи ја кризата со владините финасии и падот на златните резерви, кој го ограничил откупот на книжни пари. Како резултат на тоа, Наполеон одлучил да спроведе нови реформи кои на владата би и дале повеќе ингеренции и одговорност во менаџменотот на банката. На 22 април 1806 година, новиот закон го заменил Централниот комитет со гувернер и со двајца заменици-гувернери. Сите тројца биле назначени од императорот Наполеон Бонапарта. Две години подоцна, империјалистичкиот декрет од 16 јануари 1808 година го поставил „Основниот статут“, кој служел како ориентир на сите операции на банката до 1936 година. Друг декрет од 6 март 1808 година ја задолжил банката да ја купи големата палата на Грофот од Тулуз на улицата „Rue de la Vrilliere“ во Париз како нејзино главно седиште.

18081936: Проширување на правото на емисија на пари, развој на oгранична мрежа и диверзификација[уреди]

Правото на издавање пари, доделено на банката во 1803 година, било одложено за 1806 година и обновено четири пати до 1945 година. Тоа право постепено било проширено низ градовите преку различни претставништва и потоа низ цела Франција кога банката ги презела локалните банки кои издавале пари. До 1848 година, парите кои биле издадени од Централната банка на Франција не биле законско средство, односно не постоела обврска тие да се прифатат како законско средство за плаќање. Во прилог на тоа, не постоела граница со која би се ограничила емисијата на пари, туку банката имала обврска да ги заменува нејзините книжни пари за златници по потреба.

Кризата која била предизвикана од политичкиот пресврт во 1848 година довела до наметнување на „присилна валута“, разделувајќи ја банката од нејзината одговорност да ги откупи нејзините книжни пари. Парите на банката, исто така, постанале законско срдедство за плаќање и јавноста и владата имале задолжителна обврска нив да ги прифатат во прометот. Наметнатата валута како законско средство била елиминирана со законот од 6 август 1850 година, но повторно била воспоставена за време на француско - пруската војна во 1870 година. Потоа, „присилната валута“ на книжните пари од банката била пропишана врз основа на промените на финансиската ситуација во државата, но пос 1870 година не постоеле идни предизвици во однос на статутот на книжните пари на Франција како законско средство.

До 1848 година, активностите на банката надвор од Париз биле прилично ограничени преку одвај петнаесетте ограноци и под – директориуми. Во втората половина на 19 век, мрежата на ограноци почнала да расте, достигнувајќи бројка од 160 во 1900 година и 259 во 1928 година. Проширувањето на Централната банка на Франција на ограноци низ целата држава одговарало на остриот раст на обемот на активностите на банката. Финансирањето на економијата се вршело преку политиката на ниски каматни стапки и лесната достапност до евтини финансиски средства. Напредокот на хартиите од вредност започнал во 1834 година. Банката, исто така, активно придонесувала да ја задржи вредноста на валутата со купопродажба на злато по фиксен курс, кога книжните пари биле конвертибилни со злато. Оваа активност била суспендирана со повторното наметнување на присилна валута од 1914 до 1926 година. Тогаш, банката официјално била задолжена да интервенира на девизниот пазар со цел да го стабилизира франкот.

19361945: Национализирање[уреди]

По победата на „Народниот фронт“ во 1936 година на парламентарните избори, владата одлучила дека веќе не е од јавен интерес банката да биде водена според „приватен“ закон. Со законот од 24 јули 1936 година, владата се стекнала со правото да интервенира подиректно во менаџментот на банката. Петнаесете делегати биле заменети со дваесет советници, од кои само двајца биле избрани на пленарните седници. Повеќето од советниците биле назначени од владата со цел да ги претставуваат економските и социјални интереси, како и севкупните интереси на нацијата. Законот од 1936 година ги отворил пленарните средби за сите акционери, а не само за најголемите двесет акционери. Тој, исто така, ја укинал обврската на гувернерот и неговите заменици да држат одреден број акции во банката, што било во сила од 1806 година. Оваа реформа, секако била придружена со кодификација на легислативата за водење на банката. Оваа реформа, исто така, била одбележана со стеснување на моќта на владата, но тоа било само увертира на национализирањето на банката, одлучено со законот од 2 декември 1945 година, по ослободувањето од германската окупација. Законот условувал капиталот на банката да биде трансфериран на државата на 1 јануари 1946 година. Акционерите, за возврат, примиле по четири дваесетгодишни обврзници за секоја акција. Последните 3% неисплатени обврзници на банката биле откупени до 1 јануари 1965 година, кога тие прекинале да плаќаат камата. Иако реформите од 1936 и 1945 година целосно ја отстраниле приватната контрола на банката, тие не ја смалиле улогата на гувернерот наспроти владата, ниту пак ја ограничиле слободата на банката да ги води своите работи и служби.

1973 – Обнова на статутот на Централната банка на Франција[уреди]

Закон за национализација од 2 декември 1945 година донесол промена во статутот на банката, во структурата на Генералниот совет и правилата за управување со даноците и другите обврски и одговорности пред 28 февруари 1946 година. Темата за даноците и другите одговорности била донесена со законот од 24 мај 1951 година, кој ја изложил банката на целосен даночен режим, но другите прашања ги оставил на мирување и неизвесност. Промените на улогата на Централната банка на Франција од 1945 година, меѓутоа донесоле и потреба за обновување на статутот од 1936 година, кој постанал застарен во однос на некои прашања. Ова посебно се однесуваше за случајот со организацијата и контролата на кредити, додека пак самата национализација исто така донесе потреба за многу други промени. Гувернерот поттикнал реформа на статутот на банката во 1972 година, која била имплементирана во законот на 3 јануари 1973 година.

Статутот кој ги управувал активностите и организацијата на банката бил дополнет и насочен кон дефинирање на нејзините главни цели и одговорности. Составот на Генералниот совет бил радикално променет. Оттогаш, советниците биле назначени на нивните функции врз основа на нивните способности, а помалку поради тоа што биле дел од различни економски и финансиски сектори. Моќта на Генералниот совет била зголемена и новата легислатива поставила некои рестрикции кои влијаеле на операциите кои ги извршувала банката. Само еден надзорник ги заменил претходните два кои ја претставувале државата од 1945 година и неговите одговорности биле зголемени до тоа ниво кое најдобро одговарало со зголемените одговорности на Советот. На министерот за финансии му било дадено право да ја одобри распределбата на профитот од банката и исплатата на дивиденди. Ова било природна последица на национализацијата, која ја направила државата единствен акционер во банката.

1993 – Реформа која ја одбележа независноста на банката[уреди]

Законот од 4 август 1993 година претставувал пресвртна точка во историјата на Централната банка на Франција. Преминот во комплетна независност бил направен со цел да осигура континуитет и оддржливост на монетарната политика преку нејзино ослободување од краткорочните цели, а со тоа зголемување на нејзиниот кредибилитет. Освен тоа, независноста на централната банка се сметала како најдобро институционално решение кое е во чекор со прописите на Европската монетарна унија. Законот од 4 август 1993 година, бил кодифициран во Монетарниот и финансискиот законик кој стапил во сила на 1 јануари, 2001 година.

Поврзување со Европската централна банка[уреди]

На 1 јуни 1998 година била создадена нова институција – Европската централна банка (ЕЦБ) која е одговорна за спроведување на единствената монетарна политика, преку усвојување и прифаќање на еврото. Европската централна банка и сите национални централни банки кои беа дел од Европската унија го сочинуваат Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). „Евросистем” е изразот кој се користи како синоним за ЕЦБ и националните централни банки на државите - членки кои го прифатија еврото. Во согласност со договорот за воспоставување на Европската заедница и Статутот на Европскиот систем на централни банки и на Европската централна банка, примарната цел на Евросистемот е да ја одржи ценовната стабилност (со други зборови, да ја контролира инфлацијата). Без да се навлегува во оваа цел, Евросистемот ќе ги поддржува генералните економски политики на Заедницата и дејствува во согласност со принципите на пазарната економија. Во тој поглед, на својата интернет-страница, Централната банка на Франција вели дека „поделбата на одговорностите помеѓу Европската централна банка и НЦБ е базирана врз значајна децентрализација во спроведувањето на единствената монетарна политика на Европскиот систем на централни банки“.

Времеплов[уреди]

  • 1716Џон Ло (англиски:John Law ) ја отворил главната Централна банка на Франција
  • 1718 – "Главната банка" била присвоена од владата и преименета во "Кралска банка"
  • 1721 – Банката банкротирала и нејзиниот извршен директор избегал за спас на својот живот
  • 1800 – Основање на Banque de France од Наполеон Бонапарта
  • 14 април 1803 – Новата банка го примила свој прв овластувачки документ кој ѝ овозможува ексклузивно право на емисија на книжни пари во Париз за период од петнаесет години
  • 22 април 1806 – Нов закон го заменил Централниот комитет со гувернер и двајца заменици-гувернери. Сите тројца биле назначени од императорот Наполеон.
  • Декретот од 16 јануари 1808 ги поставил основните уредби со кои се воделе операциите на банката до 1936 година.
  • Декретот на 6 март 1808 ја овластил банката да ја купи старата палата на Грофот од Тулуз на улицата „Rue de la Vrilliere“ во Париз за нејзино главно седиште
  • 18081936 – Парите на банката постанале законско средство за плаќање; проширување на мрежата на ограноци на банката
  • 19361945Национализација на банката
  • 1973 – Обнова на основните уредби на банката
  • 1993 – Реформа која ја одбележала независноста на банката, со цел да осигура ценовна стабилност - реформа која водела кон патот до Европската монетарна унија
  • 1998 – Банката на Франција постанала дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)

Централната банка на Франција и ЕСЦБ[уреди]

Основната задача на Централната банка на Франција е имплементација на единствената монетарна политика на Европскиот систем на централни банки. Централната банка на Франција е интегрален дел од Европскиот систем на централни банки, дефиниран според Мастришкиот договор. Банката учествува во вршењето на задачите и остварувањето на целите кои се пропишани и наложени од Мастришкиот договор. Поделбата на одговорностите помеѓу Европската централна банка и националните европски банки е базирана врз значајна децентрализација во остварувањето на единствената монетарна политика на ЕСЦБ.

Монетарната политика е политика на каматни стапки. Оваа политика вклучува регулација на ликвидноста на банката и управување со краткорочните каматни стапки на пазарот на пари кои се главен оперативен таргет на ЕСЦБ. Со цел да ги оствари своите цели, Европскиот систем на централни банки има на свое располагање бројни монетарни инструменти: извршува операции на отворен пазар и им налага на банките да држат минимум резерви како задолжителна резерва на сметките на националните централни банки. Основни задачи кои треба да ги извршува Евросистемот се:

    • Да ја дефинира и имплементира монетраната политика на евро – областа.
    • Да изведува операции на девизниот пазар.
    • Да ги чува и да управува со официјалните надворешни резерви на државите – членки.
    • Да промовира „мазно“ делување на платните системи.

Собирање и интерпретација на информации потребни за монетарна политика[уреди]

Централната банка на Франција директно собира голем дел на финансиски, економски и монетарни статистики за нивна корист во различни студии и анализи кои ги спроведува самата банка. Овие информации, исто така, се достапни за економските субјекти и пошироката јавност. Тие битно се поврзуваат со понудата на пари и нејзините елементи со платниот биланс и националните финансиски депозити. Во прилог на подготовките на различни студии за француската економија, банката активно ги набљудува економските и финансиските случувања во големите земји. Згора на тоа, нејзината развиена мрежа на претставништва и политиката на одржување на присуство на Париската берза ѝ дава одлична предност на банката во опсервацијата на реалната економија и анализите од кои установува многу важни индикатори на монетарната политика.

Централната банка на Франција, според тоа, спроведува месечни истражувања за однесувањето и тенденциите на размислување на неколку илијади бизнис лидери и менаџери на банки. Слични студии биле превземени и на барање на Владата. Преминот во Економската и монетарната унија поттикна ремонт на системот за собирање на статистички податоци за парите и финансиите. Од една страна, единствената монетарна политика и индиректно политиката која се спроведува во еврозоната, сега се базирани врз обновен делокруг на индикатори, меѓу кои се посебно парите од еврозоната и кредитните агрегати, кои се подготвуваат од Европската централна банка, користејќи податоци кои се собрани и процесирани од националните централни банки. Од друга страна, oдржувањето многу висок степен на национален суверeнитет, посебно во областа на фискалната политика, ја зголемува потребата од појасна идентификација на националните макроекономски политики. Ова налага заштита и одржливост на еден конзистентен сет на монетарни и финансиски индикатори релевантни на национално ниво, како додаток на тие кои се поврзани со еврозоната. Во овој контекст, статистичкиот систем на Централната банка на Франција бил соодветно прилагоден, што резултирало со значајно пократка компилација на податоци и значајно проширување на обемот на обработка.

Девизна политика и надворешни односи[уреди]

Централната банка на Франција учествува во Европскиот систем на централни банки и обезбедува извршување на одлуките донесени од Управувачкиот совет при Европска централна банка. Во рамките на делокругот на девизна политика, дефиниран од Управувачкиот совет преку препорака или со консултација со Европската централна банка (Член 109), Централната банка на Франција го регулира девизниот курс помеѓу еврото и другите валути. Тоа, исто така, вклучува секојдневни интервенции и надзор на девизниот пазар. Врз основа на Член 2 од законот од 4 август 1993 година, изменет со законот од 12 мај 1998 година, „Централната банка на Франција ги чува и управува со државното злато и девизните резерви.“ Дел од овие девизни резерви е трансфериран во Европската централна банка. Останатиот дел се евидентирани како средства на Централната банка на Франција во нејзинот биланс на состојба.

Централната банка на Франција оддржува посебно важни екстерни односи, особено во меѓународниот монетарен систем – преку Меѓународниот монетарен фонд и развојните организации за помош – и Економската и Монетарната унија. Гувернерот на Централната банка на Франција присуствува на сите главни меѓународни средби држани под покровителство на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, како и другите средби од други меѓународни групи и организации меѓу кои Г7 и Г10. На тој начин, тој ги користи овие прилики да ги изрази своите гледишта и ставови во врска со политиката која ја спроведува ММФ, напредоците на ММФ и меѓународната координација на монетарната и економската политика. Централната банка на Франција, исто така, e фискална агенција на Франција за Групацијата Светска банка и регионалните развојни банкарски организации.

Од 1931 година, банката е една од главните основачки централни банки на Банката за меѓународни порамнувања. Централната банка на Франција игра доста важна улога во сите активности на оваа институција. Исто така, Централната банка на Франција обезбедува техничка поддршка на многу странски држави врз основа на билатерални договори или со блиска координација со некои меѓународни организации.

Емисија и оддржување на банкноти и монети[уреди]

Како и во претходната легислатива, законот од 4 август 1993 година пропишува дека Централната банка на Франција го има единственото право да издава пари прифатено како законско средство за плаќање во Франција. Законот, исто така, пропишува дека Централната банка на Франција има задача да обезбеди добар квалитет на банкнотите и монетите во оптек.

  • Производство на банкноти

Централната банка на Франција секогаш обрнувала повеќе внимание кон своите банкноти. Веднаш по нејзиното основање, банката изградила производствени објекти за дизајн и печатење на банкноти, не само за задоволување на потребите на Франција, туку и потребите на печатење странски пари, посебно за државите од Африка. Централната банка на Франција е уште една од малкуте централни банки која ги извршува сите фази во процесот на производство на пари – од производство и обработка на хартијата до нејзино печатење. Секторот за печатење пари е индустриска операција со високо квалификувана работна сила и прецизност на инженерската опрема со цел да се пресретнат доволните количества на пари во оптек. Новата поефикасна опрема на оделот за печатење пари овозможила зголемување на капацитетот на печатење пари на годишно ниво на околку 1,5 милијарди банкноти. Секторот почнал да ги менува сериите на француските банкноти од 1993 година.

  • Управување со количеството на пари во оптек

Освен банкнотите кои се печатат од посебниот сектор во рамките на Централната банка на Франција, валутата која циркулира се состои и од монети кои се структуирани од Министерството за економија. Централната банка на Франција ги пушта монетите во циркулација на барање на државата.

  • Дистрибуција и оддржување на банкнотите и монетите во оптек

Дистрибуцијата на банкноти и монети во Франција е раководена од главното седиште во Париз и нејзините експозитури низ Франција. Две посебни издавачки банки (Institut d’emission des d’outre – mer and Institut d’emission d’ outré – mer) ги дистрибуираат банкнотите обезбедни од Централната банка на Франција. По одредено време од нивната циркулација, банкнотите се враќаат во Банката на Франција. Кога тие ќе стигнат таму, тие брзо се пребројуваат и проверуваат дали се вистински. Потоа, тие се сортираат и оние кои се веќе преискористени, скинати, обезличени, валкани или на друг начин непогодни се повлекуваат од оптек. Проверката и сортирањето најчесто се извршуваат симултано, користејќи посебни автоматизирани и сортирачки машини. Во 1996 година, скоро повеќе од 4,3 милијарди банкноти биле вратени во Централната банка на Франција и сортирани. Нивното сортирање и враќање на здравите банкноти во оптек обезбедува задоволување на побарувачката на пари, која не можe да биде задоволена со издавање на целосно нови банкноти. Банката, исто така, ги собира и монетите кога тие ќе се вратат во експозитурите на банката. Монетите, исто така, се проверни и секој фалсификат на монета или нивно оштетување води до нивно повелкување од оптек.

  • Промени во количеството на банкноти и монети во оптек

Има сезонски и месечни варијации во количеството на парите во оптек. Постои значителен одлив во последните десет дена од секој месец и првите неколку дена од наредниот месец, кога платите се исплатени. Наспроти тоа, помеѓу десеттите и дваесеттите денови од секој месец, банкнотите се враќаат во Централната банка на Франција. Сезонските фактори влијаат и врз месечните варијации. Количеството на банкноти во оптек се зголемува кога луѓето заминуваат на нивните летни и зимни одмори, како и за време на празниците. Потоа, количеството се смалува во јануари за време кога се плаќаат даноците. Како и да е, многу е тешко точно да се предвидат најверојатните промени во количеството на пари во оптек. Макроекономскиот развој и менувањето на навики во однос на начинот на плаќање може да имаат значајно влијание. Поради тоа, Централната банка на Франција мора да води сметка за овие различитости во фазата на планирање и обезбедување банкноти за своите експозитури.

Регулација и надзор на банкарскиот ситем и инвестиционите фондови[уреди]

Законот од 24 јануари 1984 година за активностите и надзорот на кредитните институции, наречен „Банкарски закон“, поделил различни супервизорски одговорности помеѓу три различни колегијални тела: Регулаторна комисија за банки (Comite de la reglemenatation bancaire), Комисијата за кредитни институции (Comite des esablissements de credit) и Банкарската комисија (Commission bancaire). Централната банка на Франција е блиску поврзана со нивните активности. Законот од 2 јули 1996 година за модернизација на финансиските активности, кој воедно и ја заменил директивата за европски инвестиции од 10 мај 1993 година во француски закон од областа на хартиите од вредност, го дополнил „Банкарскиот закон“ од 24 јануари 1984 година. Тој ја проширил јурисдикцијата на погоре споменатите одлучувачки тела и на Националниот совет за кредити (Conseil national du credit) во размер кој ги опфаќа сите кредитни институции и инвестиционите фондови. Имињата на овие тела биле модифицирани соодветно во: Регулаторна комисија за банкарство и финансии (Comité de la réglementation bancaire et financière), Комисија за кредитни институции и инвестициони фондови (Comité des établissements de crédit et des entreprises d'investissement) и Национален совет за кредити и хартии од вредност (Conseil national du crédit et du titre). Банкарската комисија не го промени своето име.

Контроверзија[уреди]

Во 2010 година, одделот задолжен за регулирање на конкуренцијата на француската влада казнил единаесет банки, вклучувајќи ја и Централната банка на Франција, со сума 384 900 000 € за учество во проневера преку наплаќање на неоправдани давачки за обработка на чекови, посебно за екстра давачки кои биле наплатени за време на преминот од хартиен чек во електронски.

Наводи[уреди]

  1. Официјална страна на Централната банка на Франција
  2. Quigley, Carroll (1966). Tragedy And Hope. New York: Macmillan. p. 515. ISBN 0-945001-10-X.
  3. Graeber, David (2011). Debt: The First 5000 Years. Brooklyn, NY: Melville House. p. 342. ISBN 978-1-933633-86-2.
  4. Collusion in the banking sector, Press Release of Autorité de la concurrence, République Française, 20 September 2010, retrv 20 September 2010
  5. 3rd UPDATE: French Watchdog Fines 11 Banks For Fee Cartel , Elena Bertson, Dow Jones News Wires / Wall Street Journal online, retrv 20 September 2010