Базилика Свети Иштван
| Базилика Свети Иштван/Свети Стефан | |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Будимпешта, Унгарија |
| Координати | |
| Религија | Римски католицизам |
| Архитектонски опис | |
| Архитектонски стил | Неокласика |
| Завршено | 1905 |
| Карактеристики | |
| Должина | 87.4 m |
| Ширина | 55 m |
| Висина (макс.) | 96 m |
Базиликата Свети Иштван или Свети Стефан (унгарски : Szent István-bazilika) е базилика/црква која се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1905 година во неокласичен стил, и е посветена на првиот унгарски крал Иштван I (или Стефан I), чија мумифицирана рака се чува во базиликата.
Содржина |
Архитектура [уреди]
Своето име црквата го има добиено од унгарскиот светец, а воедно и прв крал на Унгарија Иштван I (975–1038 год.), чија мумифицирана десна рака е чувана во посебен кивот во базиликата.
Еднаква со зградата на унгарскиот парламент, таа е една од двете највисоки згради во Будимпешта, висока 96 m. Според последните пресметувања не постои повисока зграда во градот од 96 m.[1] Има широчина од 55 m и должина од 87.4 m. Нејзината изградба била довршена во 1905 година, после 54 години градење. Голем дел од ова одложување му се припишува на колапсот на куполата во 1868 година, која барала целосно уривање на завршените работи и обнова од земјата нагоре.
Архитектонскиот стил е во неокласична архитектура; а земниот план е во форма на грчки крст. Фасадата е всидрена со две големи бели ѕвона. Во јужната кула се наоѓа највисокот ѕвоно во цела Унгарија, кое тежи околу 9 тони. [2] Неговиот претходник имал тежина од околу 8 тона, но бил употребуван за воени цели за време на Втора светска војна. Посетителите можат да пристапат до куполата со лифт или ако сакаат да имат поглед на Будимпешта од 360° треба да се искачат по 364 скалила.
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Базилика Свети Иштван“ |
- ↑ http://budapest-travel-blog.blogspot.com/2010/05/parliament-of-hungary-number-one-must.html - Monument Overview: The Parliament
- ↑ www.hungarybudapestguide.com/budapest/basilika.php - About Saint Stephen's Basilica