Бад Шлема

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бад Шлема
Грбот на Бад Шлема
Бад Шлема во рамките на Германија
Бад Шлема
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Хемниц
Округ Ерцгебиргскрајс
Градоначалник Јенс Милер (независен)
Основни податоци
Површина 16 km2 (6.2 sq mi)
Надм. височина 357 m  (1171 ft)
Население 5.451  (31 декември 2006)
 - Густина 341 /km2 (882 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08301
Повик. бр. 03772
Мреж. место www.kurort-schlema.de
Местоположбата на Бад Шлема во рамките на округот Ерцгебиргскрајс
Карта

50°37′0″N 12°40′0″E / 50.616667°N 12.666667°E / 50.616667; 12.666667

Бад Шлема е општина во округот Ерцгебиргскрајс, во Саксонија, Германија и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Низ градот поминува сребрениот пат (Silberstraße). Општината го развива нејзиниот туристички сектор, покрај сите нејзини бањски објекти.

Содржина

[уреди] Географија

Составни делови на Бад Шлема се Обершлема, Нидершлема и Вилдбах.

[уреди] Историја

Денес, општината Бад Шлема е спој на две поранешни различни делови на Нидершлема и Обершлема, што се случило во 1958. Од 1994, општината Вилдбах е исто така припоена кон новата општина.

Во текот на минатите 800 години, двата дела станале познати по рудните богатство на железо, бакар, сребро и ураниум. Во времето на индустријализација, биле основани многу семејни фабрики, кои станале познати низ цела Германија. По откривањето на сината боја од кобалт од страна на Кристоф Ширер, во Обершлема започнал со работа најголемиот светски производител на сина боја од кобалт, со 42 објекти. По отворањето на богатите извори на радон во Маркс-Землер-Штолн (ридски рудник) во Обершлема помеѓу 1908 и 1912, светската најбогата бања била развиена по 1918. Само 10 години подоцна, била вброена помеѓу најважните бањи во Германија (во 1943, имала повеќе од 17.000 посетители). Рудникот за ураниум бил превземен од советските окупациски сили по 1946, бањата и општината Обершлема биле скоро уништена до 1952. Од 1990, советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, ископала повеќе од 80.000 тони ураниум од долината Шлема и соседната долина Мулде.

Откако рударството завршило, градоначалникот, Конрад Барт, организирал обновување на градот како бањски град, што било реализирано во 1998, кога новата Kurhaus („бања“) била отворена. Новоотворената бања сега ја посетуваат повеќе од 1.200 посетители.

На 18 јануари 2005, саксонската покраинска влада службено го прогласила градот со Bad (буквално „бања“), откако била признаена како бања на 29 октомври 2004. Така, Бад Шлеме станала првата општина што го добила описот Bad од 1990.

Рудник за посетители Маркс-Землер-Штолн

[уреди] Население

Сите следни бројки се однесуваат на 31 декември во дадената година.

1982 to 1988

  • 1982 − 7.921
  • 1983 − 7.779
  • 1984 − 7.617
  • 1985 − 7.568
  • 1986 − 7.466
  • 1987 − 7.428
  • 1988 − 7.309

1989 to 1995

  • 1989 − 6.959
  • 1990 − 6.605
  • 1991 − 6.460
  • 1992 − 6.365
  • 1993 − 6.343
  • 1994 − 6.340
  • 1995 − 6.234

1996 to 2002

  • 1996 − 6.189
  • 1997 − 6.249
  • 1998 − 6.227
  • 1999 − 6.088
  • 2000 − 5.849
  • 2001 − 5.737
  • 2002 − 5.649

2003 to 2006

  • 2003 − 5.595
  • 2004 − 5.549
  • 2005 − 5.493
  • 2006 − 5.451
Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

[уреди] Политика

[уреди] Општинско партнерство

Бад Шлема одржува партнерство со Рехбергхаузен во Баден-Виртемберг.

[уреди] Култура и знаменитости

[уреди] Музеи

  • Traditionsstätte des Sächsisch-Thüringischen Uranerzbergbaus (Саксонско-тириншко историско место за ископување на ураниум)

[уреди] Музика

  • Хор Зилбербах

[уреди] Познати луѓе

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици