Бад Емс

Координати: 50°20′17″N 7°42′38″E / 50.33806° СГШ; 7.71056° ИГД / 50.33806; 7.71056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бад Емс

Bad Ems

Водокулата во Бад Емс од 1907 г.
Водокулата во Бад Емс од 1907 г.
Водокулата во Бад Емс од 1907 г.
Грб на Бад Емс
Бад Емс во рамките на Германија
Бад Емс
Управа
Земја Германија
Покраина Рајнска област-Пфалц
Округ Рајна-Лана
Општ. заед. Бад Емс
Градоначалник Отмар Канц (ДХС)
Основни податоци
Површина 15,36 км2
Надм. височина 80 м
Население 9.801 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 638 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EMS
Пошт. бр. 56130
Повик. бр. 02603
Портал www.bad-ems.de
Местоположба на градот Бад Емс во рамките на округот Рајна-Лана
Карта
Карта
Координати 50°20′17″N 7°42′38″E / 50.33806° СГШ; 7.71056° ИГД / 50.33806; 7.71056

Бад Емс (германски: Bad Ems) — бањски град во Рајнската област-Пфалц, Германија. Претставува административен центар на руралниот округ Рајна-Лана и познат како бањско одморалиште и лекувалиште на реката Лана. Бад Емс е седиште и на месната општинска заедница[2] Бад Емс.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот е изграден на обете страни на реката Лана, која претставува природна граница помеѓу ридските системи Таунус и Вестервалд во состав на Рајнските Шкрилни Планини. Подрачјето на Бад Емс и околните приградски населби влегува во состав на природниот резерват на Насау.

Жичената железница „Курвалдбан“ води од градот до видиковец на емската Бизмаркова кула (Bismarckturm).

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето на Римското Царство, на местото е изградена тврдина како крепост во состав на горногерманската граница на царството, но денес преостануваат само малку наоди од неа. Позабележителни белези од тоа време можат да се среднат во околните шуми, каде се забалежуваат остатоци од некогашната римска граница.

Местото за првпат се споменува во документи од 880 г., а добило статус на град во 1324. Грофовите на Насау и грофовите на Каценелнбоген изградиле нови бањи, каде приредувале гозби за гости.[3] Во XVII и XVIII век Бад Емс важел за еден од најпознатите бањски одморалишта во Германија. Својот врв го достигнал во XIX век, кога имал гости од целиот свет и станал омилено летувалиште на разни европски владетели и културни дејци, вклучувајќи го кајзерот Вилхелм I, руските цареви Николај I и Александар II, композиторот Рихард Вагнер, писателот Фјодор Достоевски, сликарот Василиј Верешчагин и многу други.

Во 1870 г. градот (тогаш дел од пруската покраина Хесен-Насау) се прочул како местоо на испраќање на т.н. „емска телеграма“, која станала повод за Француско-пруската војна. Во рускиот цар Александар II го 1876 е потпишаал Емскиот указ, со кој се забранува употребата на украинскиот јазик. Денес на тоа место се наоѓа споменик што сведочи за овој настан.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопанството во градот е потесно поврзано со бањите и угостителството, но застапени се и други гранки како медицината и електротехниката и туризмот.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бад Емс е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Општини во Германија по население на 31 декември 2020 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2021. (германски)
  2. герм. Verbandsgemeinde
  3. Историја на грофовијата Каценелнбоген и првиот ризлинг во светот (германски)
  • Stella Ghervas, « Spas' political virtues : Capodistria at Ems (1826) », Analecta Histórico Médica, IV, 2006 (со A. Franceschetti).
Bad Ems- Википедија на германски јазик (рев. 5 септември 2005) (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]