Баганур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патен знак за Баганур.

Баганур (монголски: Багануур, Мало езеро) е град во Монголија и воедно еден од деветте области во Улан Батор. Оваа област (дистрикт) е поделена на четири супдистрикти.

Баганур всушност е посебен град, лоциран на границата помеѓу покраините Тов и Хентиј. Градот бил создаден најпрво како воена база од страна на Советскиот Сојуз. Воедно, денес градот е еден од најиндустриските градови во Монголија и меѓу десетте најголеми градови во Монголија. Во последно време има покренато иницијатива за одделување на градот од административната единица Улан Батор.

Транспорт[уреди]

Баганур се наоѓа на Транс-монголската железничка линија, главна линија што ја поврзува Кина со Русија.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]