БЕСТ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

БЕСТ – Скопје (Борд на Европски Студенти по Технологија – Скопје), е непрофитна и неполитичка организација, организирана и водена од студенти. Оваа организација е дел од инернационалната BEST (Board of European Students of Technology).

[уреди] Историја

БЕСТ - Скопје е формиран на 9 март 2002 год. како резултат на потребата за поголема размена на студенти, потребата на домашните студенти за запознавање и работа со колеги од други универзитети, како и потребата за здобивање со дополнително образование на студентите од областа на нивните студии.

Во април 2002, БЕСТ – Скопје се здоби со статус на „набљудувач” (observer) во рамките на BEST (Board of European Students of Technology). Од тој момент активностите на БЕСТ – Скопје беа сконцентрирани кон исполнување на условите за „baby member“, односно за членство во БЕСТ. По седум месечна работа и исполнувањето на потребните услови БЕСТ - Скопје на 8 ноември 2002 година на Претседателскиот состанок во Букурешт, се здоби со статусот „baby member“. Денес БЕСТ - Скопје е полноправен член на меѓународниот BEST.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици