Б&Х Ерлајнс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
B&H Airlines
BH Airlines AT72 T9-AAD.jpg
IATA
JA
ICAO
BON
Ознака
BH AIRLINES
Формирана 1994 (како Air Bosna)
Хабови Аеродром Сараево
Фокус градови Аеродром Бања Лука
Аеродром Мостар
Чекална Бизнис класата може да користи ВИП терминал на Аеродромот во Сараево
Големина на флота 4
Дестинации 11
Родителска компанија Влада на Босна и Херцеговина
Седиште Сараево, Босна & Херцеговина
Клучни луѓе Нуџеим Речица (Директор), Беба Касумагич (Продажба)
Вебсајт: http://www.bhairlines.ba/

B&H Airlines е авиокомпанија базирана во Сараево, Босна и Херцеговина. B&H Airlines е национален авиопревозник на БиХ, а главната централа е аеродромот во Сараево.

Историја[уреди]

Авиокомпанијата беше формирана на 12 Август, 1994 година под името Air Bosna. Во есента 2003 година, авиокомпанијата ги прекина сите операции поради финансиски проблеми. Остана нефункционална до мај 2004 година, кога советот на министри вети да ја оживее повторно авиокомпанијата. Во јуни 2005 година, тие ги рестартираа операциите под името B&H Airlines, и флотата ја сочинуваа два АТР-72 авиони. Имаше неколку понуди за купување на нови, поголеми авиони, со кои авиокомпанијата ќе може да лета и на дестинации подолги од сегашните со авионите од типот АТР-72, како на пример Скандинавскиот полуостров, каде постои голем заедница од БиХ. Авиокомпанијата планира да го зголеми бројот на летови од втората база, аеродромот во Бања Лука, но ова може да се случи само со зголемување на флотата. Летови од и до Мостар беа намалени поради малиот број на патници. Летовите до Загреб беа зголемени од 14 на 18 неделно, како и до Белград од 7 на 8 летови неделно.

Приватизација[уреди]

Босанската влада во моментов е во потрага по инвеститор на кој ќе може да го продаде нивниот дел од акциите во B&H Airlines. На 23 февруари 2008 година, Turkish Airlines беа во преговори да ја откупат авиокомпанијата, и на 30 март 2008 година, Croatia Airlines исто така покажа интерес за дел од акциите во B&H Airlines. Компании од Јордан, Малезија и Турција понудија да откупат 49% од сопственоста на B&H Airlines. Минатата година, B&H Airlines пренесе 70,000 патници и направија профит од околу 12.3 милиони евра.

Дестинации[уреди]

B&H Airlines ATR-72-212
B&H Airlines ATR-72-212

Флота[уреди]

До март 2007 година, флотата на авиокомпанијата се состои од овие авиони:

  • 2 АТР 72
  • 1 Boeing 737-400
  • 1 Piper PA-34-200т Seneca II
  • 1 Casa 212-200D

Нарачка: 1 Boeing 737-400