Ајтос

Координати: 42°41′56.26″N 27°14′56.3″E / 42.6989611° СГШ; 27.248972° ИГД / 42.6989611; 27.248972
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ајтос (град))
За селото Леринско, видите Ајтос (село).
Ајтос
Айтос
град
Поглед на Ајтос од висината „Хисарја“
Поглед на Ајтос од висината „Хисарја“
Ајтос is located in Бугарија
Ајтос
Ајтос
Местоположба на Ајтос во Бугарија
Координати: 42°41′56.26″N 27°14′56.3″E / 42.6989611° СГШ; 27.248972° ИГД / 42.6989611; 27.248972
ЗемјаБугарија
ОбластБургас
ОпштинаАјтос
Управа
 • ГрадоначалникВасил Едрев (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна79,033 км2 (30,515 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009500000095 м
Население (2022)
 • Вкупно22,243
 • Густина280/км2 (730/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код8500
Повик. бр.+359 0558
Мреж. местоaytos.bg

Ајтос (бугарски: Айтос) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Ајтос во Бургаската Област. Има население од околу 22.243 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во подножјето на Источна Стара Планина, 30 километри северозападно од Бургас.

Историја[уреди | уреди извор]

Ајтос е стара населба, основана од Тракијците. Остатоци околу градот од неолитот сведочат дека на ова место долго време постоела населба. Остатоците од три кули (северозападно од градот) се од средновековната тврдина Аетос, изградена помеѓу 650 и 750 година, па оттука и неговото сегашно име. Во 1206 година, Аетос, како и многу други градови во Тракија, бил уништен од крстоносците предводени од Хенри од Фландрија, брат на Балдвин I од Фландрија. Како утврден град, тој повторно бил подигнат по 1488 година. Подоцна, во 17 век, патникот Евлија Челеби го забележал со името Ченгис.

За време на Бугарската Преродба, градот бил значајна населба со познат панаѓур. По Едренскиот мир во 1829 година, многу жители на градот и околните села емигрирале во Бесарабија, но сепак во времето на ослободувањето (1878) во градот имало 3.000 жители.

По објавувањето Балканската војна во 1912 година 7 луѓе од Ајтос доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 826.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]